1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Црна Гора: Изгласана недоверба за владата на Кривокапиќ

ЕМФ
5 февруари 2022

На владата во Црна Гора ѝ е изгласана недоверба. Политичката иднина на земјата е неизвесна и покрај тоа што се исцртува нова коалиција.

Montenegro I Regierung I  Zdravko Krivokapic
Здравко Кривокапиќ ја напушта салата на црногорскиот парламент (4.02.2022)Фотографија: Risto Bozovic/AP/picture alliance /

Црногорската влада не го преживеа гласањето доверба во парламентот - 43 од 81 пратеници не му дадоа доверба на тимот на премиерот Здравко Кривокапиќ. Единаесет пратеници беа против, а останатиот дел од пратениците беше воздржан.

Гласањето за доверба во парламентот дојде по повеќемесечни политички тензии во земјата. Владата на Кривокапиќзапочна со големи ветувања за реформи. На изборите во август 2020 година таа првпат по три децении ја истисна Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Мило Ѓукановиќ на втора позиција. Меѓутоа, реформската жар згасна релативно брзо. И покрај најавата на Кривокапиќ дека Црна Гора „ќе стане 28. земја членка на ЕУ“, големи реформи не беа спроведени. Владеачката коалиција, чиј дел беа и просрпски и проруски сили, беше растргната од внатрешни несогласувања.

Недоверба на владата изгласаа 43 од вкупно 81 пратеници, 11 беа против, а останатите воздржаниФотографија: Risto Bozovic/AP/picture alliance

До гласање за доверба дојде откако најмалиот коалициски партнер Обединета реформска акција (УРА) ја напушти коалицијата. Шефот на УРА, Дритан Абазовиќ, стреми кон составување малцинска влада, која ќе биде толерирана од ДПС. Со тоа Црна Гора влегува во неизвесна политичка иднина.

Црна Гора, која одамна има проблем со корупцијата и организираниот криминал, е многу задолжена. Таа доби големи кредити во изминатите години, пред сѐ од кинески компании кои учествуваат во големи инфраструктурни проекти во земјата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми