1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Wirtschaft Nachrichten

25 јануари 2011

Економски пулсирања - избор од стопански вести.

Фотографија: BilderBox

Црна Гора годинава ќе оствари најголем економски пораст од 4,5 проценти, меѓу земјите од Западниот Балкан и ќе забележи најмала стапка на инфлација, наведува Меѓународниот монетарен фонд во прогнозите за тековната 2011 година. Македонија годинава ќе забележи раст од 3 отсто и се наоѓа во иста група со БиХ и Србија. Највисока инфлација годинава се очекува во Србија од 4,4 проценти, а Македонија е веднаш зад неа со очекуван пораст на цените од 3 отсто. Најмал пораст на БДП годинава ќе оствари Хрватска, од 1,6 проценти.

Претстои нова криза со храна?

Светската организација за земјоделство и исхрана - ФАО предупредува на заканата од нова криза со прехранбени производи. Жак Диуф, генерален директор на организацијата, побара донесување нови правила за запирање на шпекулативните зделки на светските пазари на аграрни суровини. Во интервју за јапонскиот економски весник „Никеи“ тој изјави: „Порастот и варирањето на цените ќе продолжат и во наредните години ако не се зафатиме со структурните причини за нерамнотежите во светскиот аграрен систем“.

Порастот на цените на пченицата и шеќерот во изминатите недели предизвикаа протести во делови на Северна Африка и на Блискиот Исток. Кризата со производи за исхрана во 2008 година исто така предизвика безредија во некои земји.

Германците се’ порасположени да трошат пари

Континуирано добриот развој на ситуацијата на пазарот на работна сила и стопанскиот пораст во Германија придонесуваат за натамошно подобрување на расположението на потрошувачите. Аналитичарите од Друштвото за испитување на потрошувачката од Нирнберг соопштија денеска (вторник, 25.01.2011) дека расположението на потрошувачите во јануари достигнало највисоко ниво за последните четири години. Очекувањата за развојот на конјунктурата се стабилизираа на високо ниво, додека очекувањата во поглед на приходите по вторпат последовно бележат мал пад. Аналитичарите од нирнбершкиот институт ова го толкуваат како последица на повторниот скок на цените на енергенсите и средствата за исхрана.

Рекордна добивка на „Сименс“

Германскиот концерн „Сименс“ стартува во новата година со неочекувано висока, рекордна добивка. Во последниот квартал од 2010 година таа изнесува 1,79 милијарди евра, што е за петтина повеќе од истиот квартал во 2009. Концернот значително ги надмина очекувањата на аналитичарите.

Фотографија: AP

Грција ќе го тужи „Сименс“

Грчката влада најави дека ќе поднесе тужба со барање за обесштетување против индустрискиот концерн „Сименс“ поради плаќање пари за подмитување. Државното обвинителство води истрага поради сомневање за давање мито во врска со договорите меѓу концернот и во тоа време државното претријатие за телекомуникации ОТЕ, во периодот помеѓу 1997 и 2002 година. Минатиот месец „Сименс“ се пожали дека грчката држава не платила голем дел од заостанатиот долг поради спорот околу аферата со подмитување.

Во Јапонија и натаму нула-камата

Јапонската емисиона банка ги задржа каматите практично на нула. Решението е донесено едногласно, по едводневна расправа. Централната банка останува и на проценките за развојот на јапонската економија: и натаму има „знаци на умерен подем“, кој, меѓутоа, во моментов прави пауза, како што формулираа банкарите.

Автор: Андреас Бекер/ Моника Ломилер/ Зоран Јордановски/ макфакс

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми