1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Црна Гора: Тесно мнозинство за опозицијата

ЖА / агенции
31 август 2020

Демократската партија на социјалисти на Ѓукановиќ, која три децении управува со земјата, првпат ги загуби изборите. Но, опозицијата има тесно мнозинство кое треба да се преточи во коалиција. Во Никшиќ дојде до инцидент.

Wahlen in Montenegro
Фотографија: Reuters/S. Vasiljevic

Прелиминарните податоци на набљудувачите од Центар за мониторинг и истражување (ЦЕМИ) покажуваат дека владејачката Демократска партија на социјалисти (ДПС) освоила 30 мандати, додека три водечки опозициски листи заеднички имаат тесно парламентарно мнозинство – 41 од вкупно 81 мандати.

Најдобар резултат оствари листата „За иднината на Црна Гора", која ја предводи Демократскиот фронт (27 мандати), „Мир е нашата нација" предводена од Демократите (10 мандати) и „Црно на бело" која ја предводи УРА (4 мандати).

Традиционалните партнери на владејачката ДПС ги освоија останатите мандати: социјалдемократите 3, „Бошњачка партија исправно"-3, две албански листи по еден мандат, додека во парламентот би требало да се најде и СПД со два мандати, при што не е јасно кого би поддржала оваа партија.

Повеќе:

Црна Гора: Неизвесни избори и страв од инциденти

Црна Гора и туризмот во пандемијата: „Се пропадна!“

Моја Европа: Неопходно е спротиставување на корумпираните балкански елити

Лидерот на коалицијата „За иднината на Црна Гора", Здравко Кривокапиќ ѝ се обрати на јавноста веднаш по конференцијата на Центарот за мониторинг и истражување.

„Драги граѓани, ви искажуваме благодарност за истрајноста и достоинството. Без оглед на сѐ низ што поминавме низ овој циклус. Режимот падна. Ве молам да останете дома и победата која е извесна да ја прославите со пријателите и семејствата", порача Кривокапиќ.

Меѓутоа, на улиците на многу градови се собраа приврзеници на опозицијата, славејќи. Во Никшиќ дојде до инцидент кога возач со возило влетал во маса луѓе при што е тешко повредено едно лице. Како што пренесува „Вести" од Подгорица, полицијата спречила линч на возачот, а истрагата е во тек.

Излезноста на изборите во Црна Гора била речиси 76 проценти.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми