1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Црногорскиот-дијалект на српскиот или посебен јазик?

26 февруари 2010

Црногорскиот јазик е речиси идентичен со српскиот, но, содржи две нови букви и два нови гласа. Дебатата за јазикот предизвикува тензии меѓу националистите и црногорските Срби, кои велат дека јазикот нема никаква основа.

Независноста на Црна Гора беше историски настанФотографија: AP

Црногорскиот јазик официјално стана национален јазик во 2007 година, една година откако малата држава се отцепи од големата сестра Србија. Подржувачите велат дека меѓу црногорскиот и српскиот јазик постојат разлики пред се во вокабуларот и во изговорот. Зборот „млеко“ од српскиот јазик, на пример, на црногорски се изговара „млијеко“. Најголемата разлика според нив се наоѓа во новите две букви и гласови.

Но, дали може да се каже дека е конституиран нов јазик или пак тој е само дијалект на српскиот јазик? Јелена Сушиќ од Центарот во Подгорица вели: „Ако постојат српски, хрватски и босански, зошто не би постоел и црногорски јазик? Постои црногорска нација, а секоја нација има своја религија, култура, традиција и во црногорската култура имаме така да го наречеме специфичен јазик.“

Многу Црногорци не веруваат во посебноста на јазикот

Малата држава досега беше во сенка на големата сестра СрбијаФотографија: DW

Во училиштата низ земјата тој не се именува конкретно, туку се користи изразот „мајчин јазик“. Учителката во основно училиште Јелена Беговиќ предава „мајчин јазик“ и го објаснува концептот на овој предмет: „Името на јзикот ја одразува лингвистичката различност. Затоа ова решение е добро, бидејќи сите сме исти. Не постојат разлики. На училиште не зборуваме за политички разлики, а името на јазикот во Црна Гора е политичка тема.“

Прашањето за јазикот навистина стана голема политичка тема во Црна Гора. Националистичките политичари и српската опозиција водат своевидна лингвистичка војна. Фронтот е посебно видлив на универзитетот во градот Никшиќ. Во зградата на универзитетот на факултетот за филологија се предава за српскиот јазик. Горан Радоњиќ е српски професор за литература и член на опозициската партија Српска Демократија. Тој вели дека единствената разлика меѓу српскиот и црногорскиот е политичката иделогоија што стои зад нив. И вели, дека луѓето што го бранат српскиот јазик веќе не можат да го прават тоа јавно.

Мала држава со голема национална гордост

Црногорците се горди на својот јазик и нацијаФотографија: AP

„Ако сакате да ја задржите вашата работа мора да прифатите дека црногорски јазик постои и активно се зборува. Сите оние кои работат во државни институции се плашат да не ја загубат својата работа или пак да бидат сметани за предавници. Цел на еден јазик е да се овозможи комуникација меѓу луѓето. Кога создавате нов јазик создавате и нова бариера помеѓу нив.“

Малата држава Црна Гора има само 650.000 жители, но затоа пак, голема национална гордост. Прашањето што се поставува е дали јазичниот конфликт не го попречува зацврстувањето на нејзиниот идентитет, кој е поразличен од Србија.

Автор: Марк Лоуен / Бисера Огњановска Митров

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми