1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Црн ден за демократијата во Турција“

Мерле Хојсман/Дагмар Витек/Ж.А.5 март 2016

Полицијата во Истанбул употреби солзавец и водени топови против демонстрантите кои протестираа контра владиното преземање на весникот „Заман“. Репортери без граници: политиката на Ердоган преминува кон деспотизам.

Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Suna

Стотици луѓе протестираа пред просториите на весникот „Заман“ откако судот донесе одлука за именување нови менаџери. Тоа значи дека владата ја презема контролата врз весникот, гласат критиките. Полицијата употреби водени топови и солзавец за да ги растера демонстрантите, кои извикуваа дека слободниот печат не може да биде замолчен.

„Овде сме да ја браниме демократијата и слободата, да ги браниме нашите основни права. Луѓето од цела Турција треба да ни се придружат,“ апелираше една демонстрантка.

Но, полицијата, без оглед на хаотичните сцени, навлезе во редакциските простории.

Владата тврди дека весникот го поддржува влијателниот противник на претседателот Ердоган, Фетулах Ѓулен, кој се наоѓа во САД.

Овде погледнете го видеото:

Водени топови против слободата на печатот

01:39

This browser does not support the video element.

Уредништвото на англиското издание на весникот Заман остро ја осуди постапката, обвинувајќи ја владата за кршење на уставот. Севѓи Акарчесме, уредник на весникот „Тудејс Заман“:

„Во моментов тие спроведуваат опсежна хајка против сите опозиционери.“

Раководството на весникот истакна дека станува збор за „црн ден за демократијата во Турција“. Репортери без граници пак остро ја критикуваа политиката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган истакнувајќи дека од авторитаризам преминува во целосен деспотизам.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми