1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЦСУ ја почна изборната борба

31 јули 2005

Со мултимедијално шоу, Христијанско-социјалната унија ја почна својата изборна борба во Минхен. Околу 600 партиски членови со гласно извикување и аплауз ја поздравија Ангела Меркел, кандидатот за канцелар на сестринските партии на унијата. На плакатите што беа истакнати во салата пишуваше: “Промени сега!“ и “Готово е Герд“. Шефот на ЦСУ, Едмунд Штојбер, и даде предност во редоследот на говори на свој

Ангела Меркел и Едмунд Штојбер
Ангела Меркел и Едмунд ШтојберФотографија: dpa

�та колешка од ЦДУ. Според Меркел, изборите на 18 септември ќе бидат судбински.

Шефот на ЦДУ, Ангела Меркел, беше поздравена демонстративно еуфорично. Таа анализираше зошто овие избори ќе бидат избори на промени. Се работи за пораст, повеќе работа, повеќе сигурност. Тоа може да се постигне:

“Како ќе се надоврземе на историјата на нашите татковци кои го изградиле првиот автомобил, првиот компјутер? Што ние би биле за децата од нашата историја ако не речеме: се разбира дека од овие услови можеме да направиме нешто повеќе од нашата земја.“

Меркел не изложи прецизна програма, но наведе наоски, меѓу се вбројува и зголемувањето на данокот на додадена вредност:

“Затоа што имаме јасна цел која гласи – предност на работата. Тоа значи намалување на придонесите на платите. Затоа одиме по овој пат. “

Меркел рече – за земјата да не се говори лошо, но да се каже вистината:

“Во основа, и тоа на луѓето мора да им го кажеме, се работи за тоа дали во иднина ќе можеме во нашата земја да живееме според нашите престтави. И кога велам ние, мислам на 80-те милиони луѓе кои ја сакаат оваа земја и кои во оваа земја сакаат да ја градат својата и иднината на нивните деца.“

Шефот на ЦСУ, Едмунд Штојбер, на Ангела Меркел за качувањето на каменливот пат до канцеларската функција и подари ранец и шлем за заштита од пад на камења. Потоа, предупредувајќи од влада на левицата, борбено рече:

“СПД и следбениците се разбира дека ќе состават ваква влада. Тоа би била катастрофа за Германија. “

Штојбер призна дека не ја сака ФДП, но рече дека само со либералите е можно да се состави влада на граѓанскиот центар, со што би се спречила левицата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми