1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Цунами на омраза“ за време на пандемијата на коронавирусот

СН/агенции
8 мај 2020

Генералниот секретар на ОН е загрижен поради омразата, наметнувањето на вина и ширењето на паника ширум светот за време на корона-кризата. Светот мора решително да дејствува против тоа, апелира Антонио Гутереш.

Antonio Guterres PK Covid-19
Фотографија: webtv.un.org

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска изјави дека пандемијата на коронавирусот продолжува да создава „цунами на омраза и од ксенофобија“ и апелираше за „сеопшти напори да се запре говорот на омраза на глобално ниво“.

Шефот на ОН изјави оти нетрпеливост кон странците може да се забележи и на интернет и на улиците, и додаде дека мигрантите и бегалците се третираат како извор на вирусот, а потоа им е ускратен медицински третман.

Гутереш ги повика политичките лидери да покажат солидарност кон сите луѓе и образовните институции да се насочат кон „дигитална писменост“.

Повеќе:

-Гутереш се надева на вакцина за Ковид-19 до крајот на годината

-Дали САРС-КоВ-2 е произведен во лабораторија?

-Болеста на теориите на заговор: Од чума до коронавирус

Тој, исто така, ги повика медиумите, а особено „социјалните медиуми“, да ги „тргнат расистичките, мизогените и другите штетни содржини“, цивилното општество да го зголеми контакатот со загрозените луѓе и верските лидери да бидат „модел за меѓусебна почит“. Генералниот секретар на ОН истакна дека Ковид-19 не го интересира кои сме, каде живееме, во што веруваме ниту по што се разликуваме.

Неговиот глобален апел за сузбивање на говорот на омраза следеше по пораката од 23 април, кога пандемијата ја нарече „човечка криза која набрзо станува криза на човековите права“. Гутереш тогаш предупреди оти за време на пандемијата се применуваат несразмерни ефекти на одредени заедници, пораст на говорот на омраза, целење кон ранливите групи и на ризиците од претерани безбедносни реакции кои ја поткопуваат здравствената реакција.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми