Чавез – ММФ
1 мај 2007Реклама
Венецуела има намера да се повлече од Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка. Двете институции се механизми на империјализмот, изјави претседателот на Венецуела, Хуго Чавез. Во телевизискиот говор во кој ги образложи причините за одлуката, Чавез рече дека двете институции служат за искористување на малите држави. Претседателот, кој и припаѓа на левицата, е остар критичар на меѓународните финансиски институции и на САД.