1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Чавез – нафта

2 мај 2007

Венецуела ја презеде контролата врз четири странски нафтени проекти. Со упатство на претседателот Хуго Чавез и поддржани од армијата, илјадници работници облечени во револуционерна црвена облека ги зазедоа постројките во регионот Ориноко. Според Чавез, отворањето на нафтениот сектор за странски инвестиции значи одземање на најголемиот ресурс на граѓаните на Венецуела. Државата стави рака врз три американски претпријатија, врз британскиот концерн БП, норвешкиот Статоил и францускиот Тотал. Чавез најави дека има намера да врати во државна сопственост најмалку 60% од нафтената индустрија. Вчера, Чавез најави дека Венецуела има намера да се повлече од Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка. Двете институции се механизми на империјализмот, изјави тој.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми