1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Чавушоглу не слета во Ротердам

СН/ агенции
11 март 2017

Откако холандските власти не му дозволија на авионот на турскиот министер Мевлут Чавушоглу да слета во Ротердам, претседателот Реџеп Таип Ердоган ги нарече членовите на холандската влада „потомци на нацистите“.

Mevlüt Cavusoglu türkischer Außenminister
Фотографија: picture-alliance/abaca/M. Aktas

„Тие се толку пристрасни, толку плашливи. Тоа се потомци на нацистите, тоа се фашисти“, ги цитираше турската државна агенација Анадолу зборовите на турскиот претседател кои беа реакција на одлуката на холандските власти да не му дозволат на авионот на турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу да слета во Ротердам каде требаше да се одржи собир во рамките на кампањата за претстојниот референдум за уставни промени во Турција.

Реџеп Таип Ердоган притоа се закани дека во иднина нема да им дозволи влез во Турција на претставниците на холандската влада. „Тогаш да видиме како вашите авиони во иднина ќе дојдат во Турција“. Притоа тој додаде дека зборува се разбира за владините претставници а не за цивили.

Холандските власти претходно претпладнето не му дозволија на Чавушоглу да влезе во земјата.

Фотографија: Reuters/M. Sezer

Холандскиот премиер Марк Руте на Фејсбук ја објави забраната за слетување во Ротердам на авионот на минитерот за надворешни работи на Турција, под образложение дека неговата посета претставува закана за јавниот ред.  Холанѓаните треба да гласаат на националните избори, во среда, на кои антимигрантските чувства играат значајна улога. Руте во изјавата објавена на неговата официјална страница на Фејсбук вели дека во Турција се водени вознемирувачки дискусии во кои  Чавушоглу се заканил и со санкции ако не му биде дозволено да влезе во земјата, за да учествува на масовниот собир во дворот на турскиот конзулат во Ротердам.

Турската закана од санкции, доколку на Чавушоглу му се забрани влез, го „направи разумното решение во невозможно“, рече Руте.  Чавушоглу претходно рече оти има намера денеска да патува во Холандија и додаде дека ако холандските власти го спречат да слета во земјата ќе бидат воведени „тешки санкции“ за Холандија.

Чавушоглу ги повтори обвинувањата на турската влада дека забраните за собири во функција на кампањата за турскиот референдум во Германија и Холандија се „фашистички практики“.

Тој рече оти германските и холандските забрани за митинзите на кои се врбува на 16. април да се гласа „да“ на референдумот за уставни промени со кои би се прошириле овластувањата на турскиот претседател Ердоган, значат поддршка за страната која е за „не“.

Фотографија: picture-alliance/ANP

Шефот на холандската дипломатија Берт Кундерс рече во четвртокот дека холандската влада смета оти планираната посета на Чавушоглу е „непожелна“.

Односите меѓу Берлин и Анкара се затегнати во последните денови поради тоа што во неколку германски градови се откажани собрите за поддршка на гласањето „да“ на референдумот во Турција.

Швајцарија и Австрија се придружија со слични забрани во петокот. Земјите забранија на нивна територија да се одржат собири со присуство на претставници од турската владејачка партија АКП.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми