1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Чапутова за ДВ: Да работиме за доброто на земјата

Аурелиус Пецивол
9 април 2019

Зузана Чапутова е нова претседателка на Словачка. Жената за која многу Словаци до неодамна не знаеја која е, постигна јасна победа. Во ексклузивно интервју за ДВ таа зборува за своите политички планови.

Slowakei Zuzana Caputova, Präsidentschaftskandidatin
Фотографија: Reuters/R. Stoklasa

ДВ: Што значи, според Вас, Вашиот избор за претседателка? Дали е тоа доказ за темелна промена во општеството, или се должи „само“ на незадоволството со ситуацијата по убиството на Јан Куцијак (истражувачки новинар, н.з.) и Мартина Кушнирова (свршеница на Куцијак, н.з.)?

Зузана Чапутова: Се бара промена. Постојат предизвици со кои мора да се фатиме во костец. На мојот избор гледам како на доказ за тоа дека може да се постигне промена која е коректна, мирна и фактичка. И дека притоа може да се избегне популизам и лични напади.

Да останеме кај Куцијак. Има ли мафија во Словачка? Има ли поврзаност на организираниот криминал со државата?

Постојат извесни индиции за испреплетеност на луѓето од подземјето со некои претставници на јавни институции. Истрагата по убиството на Јан и на неговата девојка речиси секојдневно носи нови сознанија. Се наоѓаме на ниво на индиректни докази, но овие индиции кои ги носи истрагата се прилично ужасни.

На листата на Транспаренси Интернешнал за корупција Словачка во последните години значително ја влоши својата позиција. Имате ли план како тоа да се промени?

Да, имам план, затоа што со тоа се занимавав аналитички долго време. Во некои случаи соработував и со Јан Куцијак. Мислам дека во полицијата и во обвинителството се неопоходни системски промени. Мојата амбиција е да станам активна претседателка која ќе бара најдобри можни решенија во соработка со владата, со цел да се зајакне независноста на правосудството.

Како гледате на кохабитацијата со владата на партијата Смер на екс-премиерот Роберт Фицо?

Подготвена сум на суштинска и конструктивна соработка со оваа партија. Во моментов сум во контакт со премиерот кој ми испрати честитка во конструктивен тон, а контактирам и со министерот за надворешни работи. Верувам дека сме во состојба да ги тргнеме настрана личните задршки со цел да се концентрираме на добра соработка за доброто на Словачка.

Пред да влезете во политика, бевте активни во цивилното општество. Ќе правите ли напори да го зајакнете?

Цивилното општество е извонредно важно за фнкционирањето на демократијата. Тоа мора да ги издржи многуте негативни феномени, како на пример дезинформациите. Дури има и закани против претставници на цивилното општество. Мислам дека сите три сектори се неопоходни за квалитативно функционирање на демократијата.

Имате ли идоли, луѓе на кои се угледате?

Повеќе би рекла - извори на инспирација. За некои работи многу го ценам на пример Вацлав Хавел. Но, и Махатма Ганди бил инспиративна личност.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми