1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Чекор поблиску до германска влада: Зелените и ФДП со СПД?

ЖА / агенции
6 октомври 2021

Партиските сондирања во Берлин стануваат поконкретни – Зелените преферираат коалиција со Социјалдемократите и Либералите. И ФДП се подготвени на вакви преговори.

Deutschland | Sondierungsgespräche von Bündnis 90/Die Grünen und FDP
Фотографија: Michael Kappeler/dpa/picture alliance

ФДП го прифати предлогот на Партијата на Зелените, која денеска соопшти дека сака да започне трипартитни сондирачки разговори со СПД и ФДП (Либерали) околу формирањевладина коалиција. „Го прифативме предлогот на Зелените за разговри со СПД“, изјави лидерот на Либералите, Кристијан Линднер, кој на канцеларскиот кандидат на Социјалдемократите, Олаф Шолц, му предложил трите партии да се состанат на првични преговори уште в четврток, што е прифатено.

Според Линднер, не се водат паралелни разговори со Унијата и Зелените околу создавање коалиција. ФДП ќе влезе само во влада на политичкиот центар, која би ја засилила вредноста на слободата и би дала вистински импулс за обнова на земјата. Важни се либералните вредости, истакна Линднер, а со Унијата постојат најголеми содржински преклопувања, па за ФДП „Јамајка коалиција" и натаму останува реална опција.

Копретседателката на Зелените, Аналена Бербок претходно изјави дека  Германија  не може да се дозволи долга неизвесност, работите околу формирање влада мора да се одвиваат брзо.

По парламентарните избори , Зелените и Либералите  прво разговараа меѓусебно, а потоа секој од нив одвоено со Социјалдемократите и со партиите на Унијата (ЦДУ/ЦСУ) ги сондираше можностите околу постигнување компромисни линии.

Избори во Германија: „Хипикот“ Бербок против „џогерот“ Шолц и „вљубениот“ Лашет

01:36

This browser does not support the video element.

Во поглед на можна коалиција од СПД, Зелените и ФДП, копретседателот на Зелените, Роберт Хабек изјави дека предсондирачките рунди во изминатите денови покажале дека токму тука постојат најголеми содржински преклопувања, што посебно се однесува на општествената политика.

Но, сепак и евентуалните сондирачки разговори со СПД и Либералите се отворени, постојат и големи разлики. Оттаму, оваа одлука на Зелените уште не значи и комплетно откажување од опцијата „Јамајка колиција“, односно коалиција на ЦДУ/ЦСУ, Зелените и ФДП, потенцира Хабек. 

Иако официјален победник на парламентарните избори од 26 септември се Социјалдемократите, математички е можна тн. „Семафор коалиција“ – СПД, Зелените и ФДП, исто како и „Јамајка коалиција“. Поради интерните партиски превирања и  борби за превласт кај Демохристијаните  и индискрецијата во поглед на предсондирачките разговори, Зелените и Либералите ја критикуваа Унијата, изразувајќи делумно сомнеж во нејзината владина способност.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми