Чествување во Северна Кореја за починатиот лидер
17 декември 2012Во 12 часот по локално време почнаа да завиваат сирените на локомотивите и бродовите, а засвиреа и сирените на автомобилите.
На плоштадот пред дворецот на Кимсусан, каде се наоѓа мавзолејот на Ким Ил Сунг и на Ким Јонг Ил, се одржа митинг. На него присуствуваа високи државни раководители, вклучувајќи го лидерот Ким Јонг Ун.
Во говорот одржан од началникот на Главната политичка управа на Корејската народна армија Чве Рон-хе, беа забележени заслугите и на двајцата „велики генералисимуси“ - дедото и таткото на сегашниот севернокорејски лидер.
За овековекување на споменот на Ким Јонг Ил дворецот Кимсусан е преименуван во Дворец на Сонцето, а покојниот лидер го доби звањето генералисимус, беше соопштено на митингот.
Жители на Пјонгјанг и други градови денеска полагаат цвеќе и венци пред статуите и мозаиците, посветени на Ким Јонг Ил.