Меѓу десетте последни тестирани случаи на коронавирус, откриени се четири новозаразени лица. Се скенира и патник од Германија кој денеска пристигнал на аеродромот во Скопје.
Реклама
Во регионот на општините Дебар и Центар Жупа од денеска се воведува кризна состојба поради коронавирусот, откако таму се откриени четири нови случаи на заразени со Ковид-19. Се работи за лица кои биле во контакт со претходно откриените заразени повратници од Италија. Со тоа вкупниот број на заразени од коронавирусот во Северна Македонија се искачи на 13 лица, но се очекува отпуст на првозаболената пациентка, која веќе не покажува симптоми на болеста.
Во споменатите региони ќе биде ограничено движењето, а заболените пациенти ќе бидат префрлени на Инфективната клиника во Скопје, соопшти денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Во погодениот регион е упатен тим на епидемиолози кои ќе работат на заштита на населението и потрага по нови случаи на заразени.
Што го прави вирусот заразен?
00:57
На аеродромот во Скопје денеска е утврден еден сомнителен случај. Се работи за патник кој пристигнал од Германија со зголемена температура. Тој е изолиран заедно со сопатниците кои седеле до, и околу него за време на летот.
„Ова не е шега!“, порача уште еднаш Филипче, апелирајќи до граѓаните да ги почитуваат препораките и мерките кои ги преземаат надлежните.“
„Луѓето мора да сфатат дека ова е за нивно добро. Радикалните мерки ги презедовме откако видовме дека тие носат резултати во Кина и Италија“, рече Филипче. Севкупно, во изолација во моментов се 45 лица.
Упатства: Како да се заштитите од коронавирус
Луѓето ширум светот ставаат заштитни маски за дишење за да спречат вирусна инфекција. Сепак, други мерки се поефикасни. Еве неколку совети засновани на упатствата на СЗО.
Фотографија: Getty Images/X. Chu
Подобро од ништо
Не е докажано дека маските за лице можат ефикасно да ве заштитат од вирусни инфекции. Овие маски веројатно се во можност да фатат некои микроби пред да стигнат до устата или носот. Но уште поважно е тоа дека тие ги спречуваат луѓето да ги допираат устата или носот (што повеќето луѓе го прават инстинктивно). Ако веќе сте болни, таквите маски може да спречат да не заразувате други.
Фотографија: Getty Images/Stringer
Дезинфицирајте ги рацете
Во својот список на препораки како да се заштитите од зарази, Светската здравствена организација не споменува маски за лице. На врвот е често миењето на рацете. СЗО препорачува дезинфекциско средство за рацете на база на алкохол, како на фотографијата, кои најчесто ги гледаме во болниците
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Pilick
И сапун и вода ќе завршат работа
Поедноставното секојдневно решение се водата и сапунот, ако ги имате при рака. Но, проверете дали темелно ги миете рацете...
Фотографија: picture alliance/dpa/C. Klose
Кашлање и кивање - но направете го тоа правилно!
Еве што препорачуваат лекарите: Кога кашлате и кивате, покријте ја устата и носот со вашиот подигнат лакот. Или користете книжни марамчиња - но потоа веднаш фрлете го марамчето и измијте ги рацете. А кошулата или џемперот? Не, нив не мора да ги фрлите. Но, перете ги често или однесете ги на хемиско чистење.
Фотографија: Fotolia/Brenda Carson
Стојте подалеку!
Друга препорака која можеби не функционира за сите: Избегнувајте близок контакт со секој кој има треска и кашлица! Ако треба да имате контакт со болни луѓе, погрижете се да преземете дополнителни заштитни мерки.
Фотографија: picture alliance/empics
Имате треска? Одете на лекар, а не на патување!
Ако имате треска, кашлица и отежнато дишење, побарајте лекарска помош навреме. Избегнувајте јавни места за да не ги инфицирате другите. И, исто така, објаснете му на вашиот лекар каде претходно сте патувале.
Фотографија: Reuters/P. Mikheyev
Избегнувајте контакт!
При посета на сточни и зелени пазари во области во кои во моментот има случаи на новиот коронавирус, избегнувајте директен незаштитен контакт со живи животни. Тоа исто така вклучува какви било површини кои се во контакт со животни.
Фотографија: DW
Добро термички обработено - не сурово!
Варете,печете и пржете го месото темелно. Потребно е да се избегне конзумирање на сурови, недоволно термички обработени производи од животинско потекло. Со суровото месо, млекото или животинските органи треба да се постапува внимателно за да се избегне инфицирање од термички необработена храна. Овие се добри практики за безбедност на храната и помагаат да се спречи ширењето на болести.