Во корона-кризата вработените во здравствените установи во Чешката Република прераснаа во херои. Интересот за образование во негувателскиот сектор кај младите порасна за 50 проценти во однос на периодот пред пандемијата.
Реклама
На крајот на 2020 и почетокот на 2021 година пандемијата на коронавирусот го достигна врвот во Чешка. Бројот на инфекции и смртни случаи по бројот на население во земјата, околу 10,5 милиони луѓе, тогаш беше најголем во светот. Во Чешка досега од Ковид-19 се заразија речиси 1,7 милиони граѓани, а над 25.000 починаа поради последици од вирусот.
Дури и во тие најтешки месеци чешкиот здравствен систем не колабираше, благодарејќи пред сѐ на огромните напори на околу 40.000 лекари, односно околу 80.000 медицински сестри и негувателки. Токму тие на тој начин спречија да има поголем број жртви и катастрофални размери на криза во чешките болници.
Во очите на мнозинството Чеси лекарите и медицинскиот персонал од секторот за нега за време на пандемијата станаа буквално - јунаци. Поради тоа, не чуди тоа што фотографијата на една медицинска сестра од Ковид одделот во прашката болница Буловка победи во натпреварот за „Чешка прес фотографија 2020“.
И тоа оправдано. Во борба против коронавирусот медицинскиот персонал и лекарите често беа на работ на силата. Иако во болниците веќе во раната фаза на пандемијата беа воведени соодветни хигиенски мерки, а вработените во здравствениот сектор беа меѓу првите кои можеа да добијат вакцина против коронавирусот, по наводите на Чешката лекарска комора од Прага, до крајот на јуни 2021 година заболеа вкупно речиси 30.000 луѓе од секторот за нега, односно околу 12.000 лекари, и околу 25.000 други вработени во чешките клиники. Како последици од Ковид-19 починаа 34 лекари и 54 негуватели. Тие се инфицирале на работните места.
Пораст на угледот
Сето тоа има и конкретни последици: за време на пандемијата интересoт за образование во секторот за нега на болни со години беше на ниско ниво, всушност толку мало што чешките болници мораа да бараат работна сила во странство. Мнозинството од нив се од Словачка и од Украина. Од минатата година, пак, бројот на пријавени на приемните испити за професиите од секторот за нега порасна за 50 отсто.
„Пандемијата на коронавирусот значително придонесе да се зголеми угледот на медицинската професија“, вели во интервју за порталот seznam.cz, Карел Цвачовец, декан на Факултетот за здравствени науки на Техничкиот универзитет во Либерец. „Јавноста беше во можност да види колку овие професии се важни и дека апсолвентите од овие насоки во секој момент можат да пронајдат работно место“, вели тој.
Пандемија: Животот свртен на глава
Пред нешто повеќе од една година мистериозен нов коронавирус започна да се шири низ светот. Денес, бројот на заразени во пандемијата е над 100 милиони, а секојдневието на луѓето ширум планетата е драматично променето.
Фотографија: Flaming Lips/Warner Music/REUTERS
Колективно физичко дистанцирање
Сингапур има многу ниски стапки на инфекции со коронавирусот од октомври досега. Набљудувачите ја фалат оваа град-држава во југоисточна Азија за одржување на вирусот под контрола со внимателно следење на нејзините граѓани, делумно со апликацијата за задолжително следење. Падот на инфекциите значи дека локалното население може да посетува кино на отворено - под услов да се одржува физичка дистанца.
Фотографија: Edgar Su/REUTERS
Во Јужна Африка се шири страв
Јужна Африка е најтешко погодената африканска земја од пандемијата на коронавирусот. Овој пациент во болница во близина на Кејп Таун е еден од 1,4 милиони граѓани кои се заразени со Ковид-19. Новата варијанта на коронавирусот, позната како B.1.351 или 501Y.V2, само го зголеми стравот. Исто како и новата варијанта на британскиот вирус, се смета дека оваа јужноафриканска мутација е многу позаразна.
Фотографија: Rodger Bosch/AFP/Getty Images
„Социјално дистанцирање на сонце“
Со зголемените летни температури, многу Австралијци се во можност да уживаат во освежително пливање во океанот. Поставени се знаци за да ги потсетат посетителите на плажите да држат дистанца додека уживаат во сонцето, во обид да се спречи нов пораст на инфекции. Австралија забележа значително намалување на бројот нови случаи од септември наваму.
Фотографија: Bai Xuefei/Xinhua/imago images
Болка поради оние кои починаа
Келвија Андреа Гонкалвес (16) плаче на гробот на нејзината мајка во бразилскиот град Манаус - Андреа дос Реис Брасао почина на само 39-годишна возраст. Таа е една од безбројните жртви од Ковид-19 во градот кој остана без неопходниот кислород. Многу луѓе го обвинуваат екстремно десничарскиот претседател Жаир Болсонаро за мрачната состојба во земјата. Во Бразил од вирусот починаа над 221.000 лица.
Фотографија: Bruno Kelly/REUTERS
Што е сигурно е сигурно?
Во Хонг Конг, властите оградија цели населби без предупредување како одговор на ненадејниот пораст на инфекциите. Градот, посебен административен регион на Кина, наметна слични драконски мерки за спречување на епидемијата на вирусот како оние кои беа во сила во Кина. До неодамна, стапките на инфекции тука беа многу ниски.
Фотографија: Tyrone Siu/REUTERS
Танцување во сопствен меур
Американскиот рок-бенд The Flaming Lips смисли начин како да организира концерти со физичка дистанца: на неодамнешниот концерт во Оклахома Сити, бендот ја замоли публиката да влезе во пластични меури кои се надувуваат. На овој начин, тие можеа да се танцуваат додека безбедно се изолирани во сопствени меури. Публиката дури можеше да го држи на раце и фронтменот Вејн Којн кој се стркала од сцената.
Фотографија: Flaming Lips/Warner Music/REUTERS
Цркви претворени во центри за вакцинација
Многу цркви во моментов се затворени поради пандемијата, па местата за богослужба се претвораат во центри за итна вакцинација- како тука во катедралата Лихфилд, во близината на Бирмингем, Англија. За разлика од земјите во ЕУ кои во моментов се соочуваат со недостиг на вакцини против Ковид-19, Велика Британија редовно се снабдува со дози.
Фотографија: Carl Recine/REUTERS
Светло на крајот од тунелот
Ејми Езат подготвува торта во форма на вакцина која треба да се дистрибуира меѓу пациентите со Ковид-19 кои се лекуваат во болницата во Каиро. Египет се бори да ја активира својата кампања за имунизација низ целата земја. Сепак, на многумина можноста да се вакцинираат против коронавирусот им дава огромно чувство на надеж.
Фотографија: Hanaa Habib/REUTERS
8 фотографии1 | 8
„Ветувачки и стабилно“
Тоа го потврдува и Јана Хола, деканка на Медицинскиот факутет на Универзитетот Пардубице. „Пандемијата креираше побарувачка за овие професии. Ковид-19 покажа колку е важна оваа бранша“.
Професор Карел Сладек, продекан на овој факултет, за ДВ вели дека еден од главните мотиви за порастот на интересот за негувателските професии е всушност значителен пораст на социјалниот углед за време на пандемијата. „Многу млади луѓе видоа како изгледа тешката работа на првата линија на фронтот во борба против коронавирусот - и тоа не ги плаши, напротив. Тие се одлучуваат за кариера во здравствениот сектор“, додава Сладек.
И тоа е добро, бидејќи негата за болните е корисна, смислена професија, вели нашиот соговорник. „Браншата освен тоа е ветувачка и стабилна, со оглед на тоа дека бројот на апсолвенти ни одблизу не е доволен за иднината на чешкиот здравствен сектор, во наредните години тој би требало да се удвои.“
Недостаток на образовани капацитети и - пари
И покрај порастот на интересот за образование во секторот за нега, чешката држава сѐ уште не им ставила на располагање повеќе пари на надлежните образовни институции. Тие значи не можат да примаат поголем број заинтересирани отколку што примаа во времето пред коронавирусот. „Потребна ни е анализа за тоа колку луѓе навистина сакаат да се запишат во секторот за нега на болни, односно колку би биле високи трошоците за образование“, вели чешкиот министер за здравство, Адам Војтех, во интервју за чешкиот јавен сервис.
Слики од 2020-та кои не се забораваат
Има слики кои не ни излегуваат од глава. Некои од нив ви ги претставуваме во оваа галерија и со тоа правиме осврт на 2020-та.
Фотографија: Go Nakamura/Getty Images
Австралија гори
Ненси и Брајан Ален пред својата куќа во Нов Јужен Велс, Австралија. Ветрот носи пепел и чад од подрачјата кои се во пламен, небото е обоено во портокалова боја. Пожарите во Австралија беснееја со месеци. Животот го загубија 34 лица, изгоре површина поголема од површината на Ирска. Сликите од природната катастрофа доминираа на почетокот на 2020.
Фотографија: Tracey Nearmy/REUTERS
Незаборав
Четин Ѓултекин ја става својата рака врз портретот на брат му Ѓокхан. 37-годишникот беше убиен во расистичкиот напад во Ханау, заедно со уште осум други лица. Подоцна напаѓачот ја уби и мајка си и себеси. 27 метри големата слика е насликана од колектив на уметници на столб од мост и треба засекогаш да потсетува на жртвите.
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Arnold
Симбол на човечност
И оваа слика предизвика големо внимание: на собир во Лондон, во рамки на протестите на движењето „Black-Lives-Matter“, Патрик Хачинсон на рамена носи, веројатно повреден, човек на безбедно. Британските медиуми јавија дека човекот бил дел од десничарите контрадемонстранти. Хачинсон, кој бил задолжен за безбедноста на демонстрантите црнци, беше славен на социјалните мрежи за оваа своја акција.
Фотографија: Dylan Martinez/REUTERS
Со медиумска помош кон демократија
Оваа демонстрантка со мобилниот телефон в раце, во поза на Статуата на слободата во Њујорк, протестира на улиците на Варшава по контроверзните избори во Белорусија. Демонстрациите се во знак на солидарност со белоруските опозиционери на улиците, а вклучените светла на телефоните треба да сигнализираат зрак светлина во темнината на ноќта.
Фотографија: Kacper Pempel/REUTERS
Симфонија во урнатините
Разорната експлозија во пристаништето во Бејрут однесе околу 200 животи, а уништи и голем број објекти. Меѓу нив и станот на пијанистот Рајмонд Есајан. Музичарот доживеа потрес на мозокот. Сепак, тој не престана да музицира. Есајан од расфрланите предмети од експлозијата направи форма на клавир и во музичко видео отсвири нова песна.
Фотографија: Chris McGrath/Getty Images
Библија в рака
Оваа слика предизвика иритации ширум светот. Претседателот на САД, Доналд Трамп, со Библија в рака стои пред црква во Вашингтон, најверојатно за да поентира кај своите евангеликански избирачи. За да се овозможи овој настап, претходно со солзавец беа растерани демонстрантите собрани пред Белата куќа. За многумина тоа беше потег кој и не е баш христијански.
Фотографија: Tom Brenner/REUTERS
Прегратка како лек
Кога лекарот Џозеф Верон го посетил Ковид-19 одделението во својата болница во Тексас, го здогледал овој пациент, осамен и во солзи. Не смеел да прими посета ни за Денот на благодарноста. „Само рече: 'Сакам да бидам со сопругата'“, изјави Верон за порталот „Хрон“. „Потребен му беше некој кој ќе го прегрне.“ Сликата го обиколи светот.
Фотографија: Go Nakamura/Getty Images
Трамвај на работ на бездната
Не, ова не е фотомонтажа. Овој трамвај во Холандија не застанал каде што треба и како што треба. Бил запрен од големото уметничко дело во близина, па не пропаднал. За среќа, никој не е повреден.
Фотографија: Robin Utrecht/ANP/AFP
Настап со покриено лице
Изгледа речиси како киборг. На доделувањето на музичките МТВ-награди во 2020-та, Алиша Кис имаше впечатлив настап. Доделувањето на наградите се одвиваше виртуелно поради пандемијата на коронавирусот.
Фотографија: Rich Fury/MTV/Getty Images
Избори во време на пандемија
Дејна Кларк и нејзиниот 18-месечен син Мејсон чекаат пред Градското собрание во Њу Орлеанс за да гласаат на претседателските избори во САД. Кларк раскажа дека себеси и на детето ставила еден вид заштитна капсула, затоа што не знаела колку луѓе ќе носат маски.
Фотографија: Kathleen Flynn/REUTERS
Индиско село се моли за американските избори
Каква врска имаат американските избори со село во јужната индиска сојузна држава Тамил Наду? Во 2020 година имаат голема врска, зашто заменичката на демократот Џо Бајден, Камала Харис, има индиски корени. Нејзиниот дедо по мајка потекнува од местото Туласендрапурам. Луѓето таму се молеа за победа на Харис и славеа што таа ќе стане потпретседателка на САД.
Фотографија: STR/AFP/Getty Images
Божиќен поздрав
Дедо Мраз седи во голема снежна топка и во Алборг, Данска, ги поздравува децата според корона-правила. Божик во време на пандемија беше поинаков не само за децата, туку и за возрасните, кои мораа да се откажат од големи семејни собири. Да се надеваме дека наредниот Божик ќе биде повторно „нормален“, а снежната топка... Па, би можела и да остане.
Фотографија: Henning Bagger/REUTERS
12 фотографии1 | 12
Судејќи по анализата која ја нарача Универзитетот Пардубице, бројот на заинтересирани за обрзование во секторот за нега би морал да се удвои за воопшто да можат да се покријат потребите за квалификувана работна сила во иднина.
Образованието по глава на жител во моментов чини околу 4.000 евра годишно. Медицинските факултети, за разлика од образовните институции во секторот за нега на болни, веќе добија дополнителни финансиски средства. Инаку, високото образование во Чешка е бесплатно.
Илјадници доброволци
Покрај зголемувањето на интересот за образование во секторот за нега на болни, за време на корона-кризата се зголеми и нивото на волонтерски активности на чешките граѓани во здравствените установи. Околу 3.000 Чеси, вклучувајќи го и авторот на овој текст, посетуваа бесплатни основни курсеви на Црвениот крст. Околу 1.500 од овие луѓе беа активни во чешките болници во најлошите денови на пандемијата, а стотици волонтери помагаа во други здравствени установи.