Членство во ЕУ: Хрватска во чекор со Романија и Бугарија, за другите од Балканот среднорочно никаква перспектива
23 март 2004Реклама
-Од 1-ви мај ЕУ официјално ќе биде проширена со 10 нови земји. Со Бугарија и Романија се во тек преговорите и за нив, доколку ги исполнат условите, вратите од Европа би биле отворени во 2007-ма година, Хрватска се надева дека исто така ќе може да го фати тој воз. Турција очекува до крајот на годинава де се дефинира нејзината позиција и евентуално да се одреди термин за почеток за преговори за прием. Германските партии различно реагираат на можноста ЕУ наскоро да има 30 членови.
Романија и Бугарија од 1999-та година настојуваат да ги исполнат условите за евентуално во 2007-ма година да станат членки на ЕУ. Хрватска минатата година ги започна преговорите и сепак се надева дека 2007-ма година и за неа е достижна цел. За политичарите од Бундестагот овој временски план е неспорен, под претпоставка, се разбира трите земји успешно да ги спроведат неопходните реформи. "Сметам дека не е на место сега повторно да се шпекулира дали ќе успеат или да се рече дека всушност приемот треба да се одложи за 2010-та, зашто сега се' зависи од самите нив дали ќе остварат напредок" - вели Гинтер Глосер, претставник за европски прашања на социјалдемократската фракција. Исто мислење застапува и неговиот колега од покраинската група на ЦСУ (Христијанско-социјална унија) во Бундестагот Герд Милер, иако со тоа не е на иста линија со претседателот на неговата партија Едмунд Штојбер (кој го стави под прашање датумот за прием на Романија и Бугарија, сметајќи дека тоа ќе биде премногу скапо за ЕУ). Како во владиниот табор, исто така и во опозицијата се согласни дека пристапувањето на Хрватска заедно со Романија и Бугарија е реална перспектива. Сосем поинаку се оценува ситуацијата кога се во прашање Србија и Црна Гора, и Босна и Херцеговина. Герд Милер кај нив гледа дефицити кај демократијата, човековите права и економијата: "Сметам дека најголемиот дел од државите на Балканот уште не се ни зафатиле со тие задачи. Поради тоа среднорочно не гледам никаква перспектива за нив за полноправно членство" - вели Милер. И тука владее согласност меѓу него и социјалдемократот Глосер, кој смета дека изгледите за членство се мотивационен фактор, но нема место за илузии. Различни се ставовите кога е во прашање Турција. "Сметаме дека е погрешно сега да се започнат со Турција преговари за прием, зашто со тоа се втемелува процес со кој по три, пет или 10 години ќе се оствари полноправно членство, што претпоставува преземање на правните рамки на Унијата. Турција уште долго време нема да биде во состојба да го направи тоа" -смета Милер. Опозиционите партии ЦДУ/ЦСУ, како и либералите, аргументираат дека Турција политички и економски уште не е зрела за членство - што и финансиски би било преголем товар за ЕУ, а во таа земја не се остварени ни човековите и малцинските права. Германската влада, пак, ја подржува желбата на Турција за членство во ЕУ. Гинтер Глосер укажува на реформите што ги воведе турската влада: "Со Турција го поврзувам и тоа, дека демократскиот процес што е во тек, сега во никаква форма, дури ни со отфрлувачки став на ЕУ, не може однадвор да биде запрен". Сите парламентарни партии во Бундестагот се согласни дека за ЕУ ќе биде голем предизвик проширувањето со десет нови членки што претстои на 1-ви мај, а притоа да таа да остане способна за дејствување.

Реклама