Чувствителен медијатор меѓу световите- почина Кофи Анан
18 август 2018Поранешниот генерален секретар на Обединетите нации и добитник на Нобеловата награда за мир почина во 80-та година од животот. Официјалниот Твитер налог на Обединетите нации за мигрицации утрината ја објави веста за смртта на Анан.
„Денеска тагуваме за голем човек, лидер и визионер: некогашниот генерален секретар на Он, Кофи Анан. Убаво проживеан живот. Живот вреден за славење“.
Фондацијата „Кофи Анан“ исто така ја соопшти веста за негоата смрт. „Почина мирно, по кратка болес“, пишуваше во соопштението во кое се наведува дека смртта настапила во болница во Берн. Фондацијата го опиша како „глобален државник, длабоко посветен интернационалист, кој во текот на целиот живот се борел за помирен и поправеден свет“.
Анан е роден во Гана и го завршил Институтот за напредни меѓународни студии во Женева. Тој беше седми генерален секретар на ОН и прв Африканец на оваа позиција. Анан на функцијата беше од 1997 до 2006 година. Тој беше и функционер на Светската здравствена организација и помошник на генералниот секретр за мировни операции на Он во Босна и Херцеговина. Од октомври 1995 година беше и специјален претставник на Он за поранешна Југославија.
Тој исто така беше и специјален пратеник на Светската организација за Сирија, обидувајќи се да пронајде мировно решение, но исфрустриран од тоа што не доби поддршка од Советот за безбедност на ОН тој се повлече од функцијата.
До неодамна тој постојано се обидуваше да го заврти вниманието на светската јавност на проблемот на бегалците, особено на ситуацијата на Рохингите во Мјанмар.
Анан заедно со Обединетите нации во 2001 година ја доби Нобеловата награда за мир, за нивните „напори за подобро организиран и помирен свет“. .