Шапекоенсе прогласен за првак на Копа Судамерикана
6 декември 2016Прогласувањето на победникот дојде по барање на Атлетико Насионал, колумбискиот тим против кој Шапекоенсе требаше да го игра финалето во второто по јачина континентално натпреварување во Јужна Америка.
КОНМЕБОЛ соопшти дека Атлетико Насионал ќе добие специјална награда за фер-плеј како признание за „вниманието и почитта“ која клубот му ја покажа на Шапекоенсе по несреќата.
Авионската несреќа ги однесе животите на 71 лице, меѓу нив и 19 играчи и членовите на стручниот штаб на бразилскиот фудбалски тим. Само шест луѓе ја преживеаја несреќата, од нив тројца играчи на Шапекоенсе, еден новинар и двајца членови на екипажот. Истрагата досега покажа дека авионот најверојатно се урнал поради недостаток на гориво. Одговорноста за тоа му се префрла на капетанот на летот кој самостојно одлучил да ја прелета рутата без дополнување гориво.