Шарената револуција се шири низ македонските градови. Во Скопје се повеќе државни објекти добиваат нови бои. Последна цел на демонстрантите беше Управата за јавни приходи.
Реклама
Шарена револуција продолжува по улиците
Шарената револуција се шири низ македонските градови. Во Скопје се повеќе државни објекти добиваат нови бои. Последна цел на демонстрантите беше Управата за јавни приходи.
Фотографија: picture-alliance/dpa/G. Licovski
Трошите за чоколади, а ние немаме за леб!
„Трошите за чоколади, а ние немаме за леб“, гласеше последниот транспарент кој се појави на протестите во Скопје, како парафраза на „славната“ изјава на министерот за финансии Зоран Ставрески. Демонстрантите потсетија дека земјата се задолжува по 15 евра секоја секунда
Фотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski
Боја за УЈП
Растот на јавниот долг и недомаќинското трошење пари од страна на власта беше поводот за протестот пред седиштето на УЈП.
„Вооружени“ со сега веќе традиционалните балони со боја, но и со пластични пушки, незадоволните граѓани целеа кон УЈП. „Каде се парите од задолжувањата?“, прашуваа демонстрантите.
Фотографија: picture-alliance/dpa/G. Licovski
Бомби и чоколада
Пред седиштето на УЈП демонстрантите се потсетија на дел од разговорите од „бомбите“ меѓу министерот за финансии Зоран Ставрески и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Макета на чоколадо беше оставена пред зградата.
Фотографија: picture-alliance/dpa/G. Licovski
Триумфално шаренило
Триумфалната капија или „Порта Македонија“ веќе со денови е целосно офарбана во боите на Шарената револуција. Таа беше меѓу првите објекти од проектот „Скопје 2014“ кој доби нова боја.
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Licovski
Револт за Нешковски
Претходните денови, особено на 5 мај кога се одбележуваше годишнината од минатогодишните протести, честа мета беа и постери со ликови на експремиерот Никола Груевски и ексминистерката Јанкулоска.
Државната изборна комисија деновиве исто така беше цел на Шарената револуција. Нема да дозволиме избори без прочистен избирачки список порачаа демонстрантите.
Фотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski
7 фотографии1 | 7
„Слобода, а не должничко ропство“, беше мотото на последниот протест на Шарената револуција во Скопје. Протестите денеска продолжуваат во 16 градови низ цела Македонија. Ќе се протестира во Куманово, Штип, Кочани. Делчево, Крива Паланка, Велес, Прилеп, Гевгелија, Струмица, Радовиш, Струга, Ресен, Тетово, Кичево и Битола.