1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шариф по враќањето во Пакистан протеран во Саудиска Арабија

10 септември 2007

*

Неколку часови по неговото враќање во Пакистан по седум годишен егзил, поранешниот пакистански премиер и опозиционен политичар Назав Шариф е протеран во Саудиска Арабија. Портпарол на владатат соопшти дека Шариф со авион веќе го напуштил главниот град Исламабад.

1999 година Шариф со воен пуч под водство на сегашниот претседател Первез Мушараф беше симнат од власт. Нему се префрлуваше корупција и затајување данок како и предавство за што доби доживотна казна затвор. Подоцна беше помилуван и отиде во егзил во Саудиска Арабија. На крајот на август врховниот суд на Пакистан донесе одлука дека Шариф смее да се врати во татковината. Во Пакистан Шариф сака да се кандира на претседателските избори и да настапи протви Мушараф.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми