„Шарли Ебдо“: Процес што ја допира душата на Франција
Андреас Нол
2 септември 2020
Нападот врз весникот „Шарли Ебдо“ во 2015 беше почеток на серија исламистички мотивирани убиства во Франција, кои неповратно ја променија земјата. Сега вo Париз почнува судењето на обвинетите за планирање на нападот.
Реклама
Пророкот Мухамед кој самиот ги оплакува жртвите - со пораката „Јас сум Шарли“ и со солзи во очите - сатиричарите го ставија на насловната страна на своето „издание на преживеаните“, објавено неколку дена по крвавиот напад на редакцијата на парискиот сатиричен весник „Шарли Eбдо“ во јануари 2015 година. Оваа насловна страна е врежана во колективното сеќавање на Французите. „Сѐ им е простено“ - напишаа преживеаните уредници со црни букви под тогашната објавена карикатура.
Секако, тоа не беше повлекување линија, иако звучеше така. Не за преживеаните, кои сѐ уште се борат да го преработат доживеаното - и сигурно не за француското правосудсво. Покрај тоа, судењето на 13 луѓе осомничени дека стојат зад нападот, почнува денеска пред Специјалниот трибунал во Париз.
„Сега е ред на другите“
Па сепак, дојде до барем едно симболично повлекување на линија. „Шарли Ебдо“ одамна се отсели од старите простории на редакцијата. Сатиричниот весник сега се подготвува на место кое не и' е познато на јавноста.
Секој, кој сака да разговара со моменталниот издавач, 50-годишниот Лоран Сорис, го надгледуваат тројца службеници задолжени за безбедност кои не се одвојуваат од него. Кога браќата Шериф и Саид Коаши упаднаа во париската редакција на сатиричниот магазин на 7 јануари 2015 година и таму убија 11 луѓе, тие од своите калашникови отворија и оган на Сорис. Куршум му го здроби рамото, но преживеа. Тој истата година најави дека веќе нема да црта карикатури кои покажуваат следбеници на Мухамед. Објасни дека тие карикатури се направени бранејќи го принципот на слободата на изразување по кој може да се црта она што сакаш. Но, сега, како што додаде, е време некои други да се занимаваат со тоа.
Нападот, како што изгледаше на почетокот, целата нација ја претвори во бранители на уметничката слобода и на слободата на изразување. Над еден милион и половина луѓе излегоа на улиците на Париз на 11 јануари за да ја изразат својата солидарнаст со редакцијата „Шарли Ебдо“ и демонстрираа за правото на слобода за изразување. Над 40 шефови на држави и влади од целиот свет се солидаризираа со нив. Наклонетоста на Французите кон контроверзниот сатиричен весник, која се разбуди по крвавиот напад, беше краткотрајна. Левичарскиот магазин имаше добри 40.000 претплатници пред нападот на 7 јануари 2015 година чија бројка порасна на 260.000 неколку недели подоцна, но потоа во годините кои следеа опадна под 35.000.
Останаа сеќавањата на жртвите од „Шарли Ебдо“
03:25
„Јас не сум Шарли“
И чувството на заедништво брзо исчезна. Резервираноста кон „Шарли Ебдо“ повторно дојде до израз. На комеморативните собири во предградијата на Париз над 200 ученици одбија да укажат почит кон жртвите. Многу од нив покажаа дури и разбирање за убиството на сатиричарите кои објавија карикатури на Мухамед.
Во извештаите на Министерството за образование велат дека веќе неколку години порано постоеле знаци дека училиштата имаат сѐ поголеми потешкотии да ги придобијат младите за вредностите на републиката. Се зборува за опаѓачка идентификација на муслиманските ученици со секуларниот општествен систем.
Построги закони
Дека поликтиката не пронајде рецепт против сѐ поголемата поделба во општеството, покажува и расправата за „Законот за сепаратизам“ кој во јули го најави новиот премиер Жан Кастокс. Претседателот Емануел Макрон би можел да ги претстави главните ставки на законот уште неделава, во говорот во Пантеон по повод 150 години од завршување на монархијата.
Законот веројатно е насочен кон милитантното исламско крило, кое во Франција се смета не само како предизвик за безбедност, туку и општествен проблем, бидејќи расте бројот на оние кои верските правила ги ставаат над државните. Според зборовите на Макрон, веќе се дефинирани 47 населби во предградијата на Париз, кои државата „би требало повторно да ги придобие за републиката“.Се подразбира дека ова „придобивање“ не би требало да го спроведуваат исклучиво силите на безбедност, но присуството на вооружаните сили на безбедност на ова подрачје е највидлива промена од времето на крвавите напади.
Земја во вонредна состојба
Уште во потрага по атентаторите - браќата Коаши, кои подоцна ги убија француските специјалци - Франција ги мобилизира сите расположиви сили. По координираната низа напади врз париската концертна сала „Батаклан“, како и рестораните и баровите во Париз во ноември 2015 година, тогашниот претседател Франсоа Оланд прогласи вонредна состојба. Тој така и овозможи на полицијата да изврши претрес во повеќе од 4500 домови без судски налог, и притоа да помогне во спречување на повеќе од 30 напади во земјата.
Ноќ што ги промени Париз и светот
Многу детали се се‘ уште непознати. Но, она што е јасно е дека жртви на терористичките напади во Париз, извршени на 13 ноември, се повеќе од 100 луѓе. Слики од една ноќ која најверојатно ќе ги промени Париз и светот.
Фотографија: Reuters/C. Allegri
Први вести
Пријателскиот натпревар меѓу Германија и Франција се‘ уште беше во тек кога агенциите и другите медиуми почнаа да ги пренесуваат првите вести.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Исплашени луѓе
Информациите ги исплашија луѓето во Париз. Од граѓаните беше побарано да не ги напуштаат домовите.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Заложничка драма во „Батаклан“
Во концертната сала „Батаклан“ полицијата нешто пред 1 часот изутрината стави крај на заложничка драма. Таму се одржуваше хеви-метал концерт.
Фотографија: Reuters/C. Hartmann
Претседателот во шок
Францускиот претседател Оланд на народот му се обрати во телевизиски говор. Тој го напушти фудбалскиот стадион во паузата на полувремето - агенцијата СИД јави дека Оланд е „однесен на безбедно“.
Фотографија: Reuters
Навивачи и грачи на стадионот
За тоа време фудбалските навивачи и репрезентативците на Германија и Франција не смееја да го напуштат стадионот. Во внатрешноста на арената се одигруваа драматични сцени.
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Alexandre
Повеќемина атентатори
Според извештаите кои стигнуваа во текот на ноќта, станува збор за повеќемина атентатори. Од извори на државното обвинителство се вели дека петмина се убиени. Можно е да има и други соучесници, кои се во бегство.
Фотографија: Getty Images/K. Tribouillard
Стравот на преживеаните
Бројот на загинати е можно да се зголемува. Се зборува за 120 убиени. Преживеаните се во страв.
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Bureau
Зајакнати безбедносни мерки
Безбедносните мерки се зајакнати во меѓународни рамки. Така е и овде, пред францускиот конзулат во Њујорк.
Фотографија: Getty Images/S. Platt
Солидарност ширум светот
One World Trade Center во Њујорк е осветлен во боите на француското знаме. „Ние сме поврзани со францускиот народ со сериозна солидарност“, изјави њујоршкиот гувернер Ендрју Куомо.
Фотографија: Reuters/C. Allegri
9 фотографии1 | 9
Вонредната состојба остана во сила скоро две години пред претседателот Макрон да ја укине во ноември 2017 година. Сепак, новиот антитерористички закон, кој стапи во сила, им ги даде на безбедносните сили речиси истите овластувања како и за време на вонредната состојба. Олеснето е прислушувањето и надзорот на осомничените и дозволени се проверки на луѓе, багаж и автомобили во секое време, на 20 километри од граничните премини, аеродромите, пристаништата и железничките станици.
Војска на секој чекор
Неколку дена по нападот врз редакцијата на „Шарли Ебдо“, владата им наложи на француските вооружени сили да ги обезбедат главните пунктови во градот и во земјата. Во рамките на „Операција стража“, неколку илјади војници до денес ги обезбедуваат јавните зданија, училиштата, театрите и медиумските куќи; патролираат на железничките станици, аеродромите и пешачките зони. Исто така, и бетонските бариери, поставени на чувствителни места, би требало да обезбедат заштита од нови напади. Ајфеловата кула, популарна туристичка дестинација што ја посетуваат речиси седум милиони туристи годишно, е опкружена со стаклен ѕид, непробоен за куршуми.
Французите, кои ја сакаат слободата, ги толерираат ограничувања изненадувачки релаксирано. Постојаната терористичка закана сега е дел од секојдневниот живот на кој луѓето се навикнаа, исто како и дискусијата за можната верска димензија на серијата напади.
Хронологија: Исламистички терористички напади во Европа
По нападите врз САД на 11 септември 2001 година, исламистите извршија бројни крвави напади и во Европа. Атентатот во Манчестер е последен во редот злосторства. Погледајте за кои напади станува збор во следнава галерија:
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Byrne
15.11.2003: Напад врз синагоги
Во Истанбул загинаа 23 лица во напади на атентатори-самоубијци во двете најголеми синагоги. При речиси истовремените експлозии на повеќе автомобили-бомби тешко беа повредени околу 300 луѓе.
Фотографија: Getty Images
20.11.2003: Терор во Истанбул
Во бомбашки напад врз британски конзулат и британска банка во Истанбул бера убиени 33 лица, а преку 400 беа повредени. Како сторители беа идентификувани 73 исламисти. Преживеаните 40 атентатори беа осудени на затворски казни.
Фотографија: AFP/Getty Images/I. Uncuoglu
11.03.2004: Бомбашки атентат во возови
Во Мадрид експлодираа 10 бомби во преполни возови за локален превоз. Загинаа 191, а беа повредени повеќе од 1800 луѓе. Еден шпански суд осуди 21 од вкупно 28 атентатори од Ал Каеда на повеќе од 40 000 години затвор.
Фотографија: AP
02.11.2004: Убиство на режисер и сатиричар
Филмскиот режисер, публицист и сатиричар Тео ван Гог, по емитувањето на неговиот филм „Сабмишн“ за угнетувањето на жените во исламот доби смртни закани, а потоа и беше убине од еден исламист на сред улица во Амстердам.
Фотографија: imago/BrunoPress
07.07.2005: Лондон во шок
Четворица атентатори во автобуси и во метрото во Лондон ги активираа речиси истовремено бомбите во нивните ранци. Во овој крвав напад животот го загубија 52, а стотици лица беа ранети. Злоделото остана неказнето - тројца соучесници беа ослободени.
По еден ден откако британската полиција спречи напад со автомобил-бомба во Лондон, џип влета во хала на аеродромот во Глазгов и се запали. Повредени беа пет лица.
Фотографија: picture-alliance/dpa
11.12.2010: Страв од терор во Шведска
Автомобил експлодира на овој агол во центарот на Стокхолм. Веднаш потоа на само неколку метри понатаму се разнесе атентатор-самоубиец. Среќа во несреќа: во обата напада немаше загинати, туку само повредени луѓе.
Фотографија: AFP/Getty Images/J. Nackstrand
02.03.2011: Германија во фокусот
Атентаторот Арид Ука во еден автобус на аероидромот во Франкфурт целно пука врз невооружени војници од САД. Притоа уби двајца, а тешко рани уште тројца од војниците. Овој атентат се смета за прв исламистички напад во Германија
Фотографија: picture alliance / dpa
02.11.2011: Напади против сатирата
Францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“ беше цел на напад поради објавување критички материјали за исламот. Во текот на ноќта низ прозорците беа фрлени молотови коктели во просториите на редакцијата. За среќа, никој не беше повреден.
Фотографија: picture-alliance/abaca
11. - 15.03.2012: Војници како цел
Во францускиот град Тулуз убиен е војник со истрел во главата. По четири дена уследија и други убиства. Убиецот во писмо во кое ја презема одговорноста, убиецот вели дека сакал да се одмазди за ангажманот на француската армија во Авганистан
Фотографија: picture-alliance/dpa
19.03.2012: И Евреите се на мета
Во натамошен напад, атентаторот од Тулуз уби учител и три деца пред едно еврејско училиште. Тој се радикализирал во една салафистичка група и се означи себе си како божји воин по налог на Ал Каеда.
Фотографија: Reuters
18.07.2012: Теророт ја зафати и Бугарија
Во напад врз автобус со израелски туристи во Бургас се убиени седум луѓе, а 30 се ранети. Одговорноста за нападот нешто потоа и’ беше припишана на либанската шиитска организација Хезболах.
Фотографија: Reuters
22.05.2013: Случајот Ли Ригби
Британскиот војник Ли Ригби беше прегазен со автомобил во едно лондонско предградие и од две лица во возилото беше убиен со ножови и мачета. По убиството сторителите не избегаа, туку дозволија да бидат снимани од минувачи.
Фотографија: imago/United Archives International
24.05.2013: Напад со нож во Париз
Во напад со нож во Париз е ранет еден војник. Малку подоцна полицијата го уапси напаѓачот. Тој, според полицијата, не бил приврзаник на џихадот, туку на едно пофундаменталистичко толкување на исламот.
Фотографија: Eric Feferberg/AFP/Getty Images
24.05.2014: Повратник од Сирија - атентатор
Вооружен напаѓач уби четворица луѓе во влезниот простор на Еврејскиот музеј во Брисел. Атентаторот има предисторија: се радикализирал в затвор и повеќе од една година војувал како џихадист во Сирија.
Фотографија: Reuters
07.01.2015: Напад врз слободата на печатот
Двајца атентатори ги нападнаа редакциските простории на сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“ во Париз и убија 12 лица. Во супермаркет за кошер-производи се одигра грабнувачка драма со 4 жртви. Сите атентатори беа убиени од силите за безбедност.
Фотографија: DW/Bernd Riegert
13.11.2015: Париз во шок
Во координирани напади во Париз беа убиени 130 луѓе, а околу 300 беа ранети. Одговорноста за атентатите ја презема терористичката милиција „Исламска држава“. Речиси истовремено на шест места во Париз повеќемина атентатори извршија напади врз барови и ресторани, како и врз една концертна хала.
Фотографија: Getty Images/AFP/K. Tribouillard
12.01.2016: Напад врз туристи во Истанбул
Напаѓач самоубиец на Исламска Држава уби 12 лица во историскиот центар на турската метропола разнесувајќи се со бомба среде туристичка група.
Фотографија: Reuters/M. Sezer
22.03.2016: Двоен напад во Брисел
Исламистички атентатори со повеќе бомби усмртија 32 лица на меѓународниот аеродром и во метро станица во белгискиот главен град.
Фотографија: Reuters/RTL Belgium
14.07.2016: Напад со камион во Ница
Атентатор со камион влета во маса на шеталиштето на францускиот пристанишен град. Загинаа најмалку 86 лица. По нападот Исламска држава преку своја објава на страницата „Амак“ ја презеде одговорноста за ова злосторство.
Главниот град на Германија кусо пред Божик стана цел на терористички напад. Член на терористичката милиција Исламска држава уби 12 лица удирајќи со украден камион во центарот на божикен пазар. Неколку дена потоа, 24-годишниот Тунежанец е убиен во близината на Милано при полициска контрола.
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Kappeler
22.03.2017: Напад во срцето на Лондон
Напаѓач со автомобил намерно заврте во пешачката зона на мост во центарот на Лондон, по што избоде еден полицаец. Четири лица им подлегнаа на повредите. Британските безбедносни сили го убија сторителот.
Фотографија: picture alliance/dpa/I. Aldama
07.04.2017: Терор во шопинг-зоната на Стокхолм
Во шопинг улицата во главниот град на Шведска напаѓач со украден камион удри прво во толпа луѓе, а потоа и во трговски центар. Пет лица го загубија животот, а 15 се повредени. Уште истиот ден, полицијата уапси 39-годишен Узбекистанец под сомнение за тероризам.
Фотографија: Reuters/TT News Agency/F. Sandberg
22.05.2017: Експлозија во Манчестер Арена
Најмалку 22 лица загинаа а близу 60 се повредени во нападот со импровизирана експлозивна направа во концертната сала во британскиот град. Експлозијата одекнала пред самиот крај на концертот на американската пејачка Аријана Гранде.
Дали нападите можат да се објаснат со радикалното, салафистичко толкување на исламот, или пак младите на маргините на општеството првенствено сакаа да го покажат својот радикален раскол со Франција?
Некои од одговорите на овие прашања можеби би можело да ги даде судењето на тринаесет лица обвинети дека од заднина ги влечеле конците во нападот. Дури и ако процесот сè уште не е тема што доминира во јавноста, судството ќе го документира. Сè ќе се снима и ќе биде направен филм - за да се осигура дека судењето ќе биде заведено како историски документ - токму као и насловната страница на изданието „Преживеани“, на која беше карикатурата на Мухамед.