1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Швајцарките штрајкуваат за рамноправност

ЖА
14 јуни 2019

Жените во цела Швајцарија излегоа на протести барајќи исти плати со мажите и целосна рамноправност. Организатори на вториот национален Ден на жените по 1991 година се левичарските синдикалистки.

Schweizer Frauen streiken landesweit für gleiche Bezahlung
Фотографија: Getty Images/AFP/F. Coffrini

Примањата на жените во Швајцарија се во просек за околу 20 проценти пониски отколку на мажите, припадничките на „понежниот пол“ во просек заработуваат 6491 франци (5770 евра) бруто месечно. Дури и при постоење иста квалификација, според податоците на националната Служба за статистика, разликата изнесува осум проценти. Против ова и против дискриминацијата во општеството денеска на протести излегоа жените во целата земја на вториот Ден на жените. Првиот беше одбележан во 1991 година со масовни демонстрации на кои имаше преку 500.000 учеснички. Поради децентралната организација оваа година, уште не се познати вкупните бројки на демонстрантките.

Во Лозана протестите на жените започнаа уште синоќаФотографија: picture-alliance/AP/Keystone/L. Gillieron

Во Лозана на Женевското Езеро протестните акции започнаа уште ноќеска. По организираниот марш низ центарот на градот, учесничките запалија оган и во пламенот фрлаа градници. Низ повеќе швајцарски градови се организирани меѓу другото манифестации со детски колички, протестни авто-корза, продолжени паузи на работното место и јавни пикници. Целта на Денот на жената, како што истакнува активистката Мари Метраилер од името на организаторките, е да се „парализира земјата со феминистички штрајк“. Во барањата на жените спаѓаат флексибилно работно време, воведување минимална плата и нулта-толеранција за сексуално насилство, а критики се упатуваат и на капиталистичкиот систем. Покрај синдикатите, поддршка на „женскиот борбен ден“ дадоа првенствено левоориентираните партии. Во Швајцарија штрајковите се екстремно ретки откако во 1937 година синдикатите и работодавачите потпишаа заедничка конвенција.

Рамноправноста меѓу половите од 14 јуни 1981 година е внесена и во швајцарскиот устав, но понекогаш има слабости во реализацијата.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми