1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Швајцарски гардист во борба против Исламската држава

Софи Казинс, Тел Хамис, Сирија/ БГ19 октомври 2014

Јохан Козар е редок тип на борец - за разлика од многумина кои му се придружија на џихадот, тој одлучи да се стави во одбрана на земјата на своите предци, сѐ додека не биде уништена Исламската држава.

Фотографија: DW/S. Cousins

„Тоа се глупости. Секој кој говори такви нешта треба да го мине следниот одмор тука во Сирија и да види што правиме“, вели Швајцарецот, кој е командант на баталјон во Сирискиот воен совет - бунтовничка група која се бори против Исламската држава, во одговор на критиките дека тој ќе биде опасност за неговите сограѓани откако ќе се врати во Швајцарија.

„Јас не сум сторил ништо против Швајцарија и сигурен сум дека Швајцарците тоа го сфаќаат“.

Поранешниот наредник во швајцарската војска, кој потоа стана слободен новинар, а на крајот и командант на баталјон на христијанските сили кои се борат против ИД во курдскиот регион во североисточна Сирија, седи со скрстени нозе врз импровизиран шатор на гробишта. Оттаму има добар поглед на позициите на противникот. Фронтот е оттука оддалечен одвај еден километар.

Гробишта како спални соби

Сепак, ова не се обични гробишта. Вреќи со песок лежат врз спомениците за да се обезбедат снајперските позиции. Нечиј гроб сега е претворен во „спална соба“ во кој борците наизменично одмораат по неколку часа кога не се стража. Еден друг гроб е претворен во „интернет просторија“ - тоа е единственото место на ридот на кое се добива телефонски сигнал.

Козар е роден во Сент Гален на североистокот на Швајцарија, но има асириско потекло. Неговите родители потекнуваат од најстарата христијанска заедница во татковината. „Не дојдов во Сирија за да се борам“, вели Козар, кој е исто така член на централната команда на Сирискиот воен совет. „Видов дека можам да помогнам и почнав да ги советувам луѓето како да го употребуваат оружјето и како да ги организираат контролните пунктови. Никој од нас не сака војна и оружје“.

Јохан КозарФотографија: DW/S. Cousins

Швајцарскиот доброволец ги брани селата и градовите во кои исламистите доаѓаат да убиваат луѓе. „Сирискиот воен совет беше формиран за да го заштити асирискиот идентитет во Сирија“, вели тој. „Ние не сме само малцинство, ни тука ниту во странство. Ние сме народ и нашите корени се тука“. Сирискиот воен совет беше формиран на почетокот на 2013 година како воено крило на Суторо - сириската христијанска милиција која служи како сила за безбедност во трите самопрогласени автономни региони во североисточна Сирија. За разлика од Суторо, кој се грижи за безбедноста во три кантони - Цизире, Кобани и Ефрин, Сирискиот воен совет има свои борци кои се борат заедни со Курдската единица за народна одбрана. Козар вели дека блискоста со курдските герилски групи блиски до Курдската работничка партија од Турција, која ЕУ и САД ја сметаат за терористичка организација, не е проблем затоа што тие заеднички се борат за „одбрана на демократијата, слободата и хуманоста“.

„Ми недостасуваат планините“

Тој тврди дека и покрај тоа што на располагање има само неколку стотици луѓе и лесно вооружување, досега не загубил ниту еден борец. „Не сме загубиле ниту еден човек. Не ни се потребни дополнителни борци. Курдите имаат 40-годишно искуство во војување, а ние сме тука само две години. Но нашата подготовка е помодерна од онаа на Курдите“. Козар вели дека е благодарен за воената подготовка која ја добил во Швајцарија, но признава дека им е потребно повеќе оружје. Вели дека војната која се води во регионот е тешко замислива. Во рамките на офанзивата за освојување на Тел Хамис која почна на почетокот на септември, Козар објаснува дека борците често морале да напаѓаат ноќе, без ноќни визири и честопати воделе битки гради в гради со непријателот. Вели дека не спиел нормално веќе еден месец: „Дали ми недостасува Швајцарија? Па секако. Ми недостасуваат планините. Видете какви се овие овде“, вели на шега швајцарскиот доброволец.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми