1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шведска бара итен почеток на ЕУ преговорите со С. Македонија

БГ
10 мај 2021

Во пресрет на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, шефицата на шведската дипломатија порача дека е многу важно ЕУ да си ги исполни обврските.

Ann Linde - Außenministerin Schweden
Шведската министерка за надворешни работи Ан ЛиндеФотографија: The Government Offices of Sweden/Kristian Pohl

Шведска смета дека ЕУ веќе има голем ангажман во земјите од Западниот Балкан, но потребно е паралелно да се исполнуваат и ветувањата кон земјите од регионот, смета шефицата на дипломатијата Ан Линде.
„Мораме под итно да ги почнеме преговорите со Северна Македонија затоа што така решивме и тоа е важно за нашата веродостојност“, рече Линд дополнувајќи дека дискусијата за Западниот Балкан „е многу важна за цела Европа.“

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ денеска во Брисел дебатираат за стратешкиот пристап на Унијата кон земјите од Западниот Балкан, но и за бројни други актуелни теми.

Слично како Линд, и австрискиот Александер Шаленберг и словачкиот министер за надворешни работи Иван Корчок оценија дека дебатата за Западниот Балкан ќе биде централна и дека е потребно да се обрне поголемо „стратешко“ внимание на регионот.

Финската државна секретарка Нана Сумувори, соопшти дека нема да има дебата за процесот на проширување „туку за стратешкиот пристап на ЕУ кон Западниот Балкан.“

Останатите министри кои дадоа изјави пред состанокот се фокусираа на други теми. За актуелниот претседавач со ЕУ, Португалија централна точка на денот е дебатата со специјалниот пратеник на претседателот на САД за климатски промени, Џон Кери.

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас како најважни теми ги наведе односите со Русија, договорот за нуклеарно разоружување со Иран и состојбата во Авганистан.

Најавено е дека на состанокот шефот на европската дипломатија Жозеп Борел на министрите ќе им претстави „нон-пејпер“ во кој се наведува дека „јасна цел на Западен Балкан е полноправното членство во ЕУ“.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми