1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шведска: Хрватска и Словенија да размислат за спорот со границата

22 јуни 2009

Шведска, која од први јули го презема претседателството со ЕУ, денеска во Брисел ја претстави својата програма. Приемот на Хрватска се одлага, за Македонија ќе се чека извештајот на Европската комисија.

Карл БилтФотографија: AP

Приемот на Хрватска, планиран за 2011 година, се одлага на неодредено време. Шведска, која од први јули го презема ротирачкото претседателство со ЕУ, денеска исклучи натамошна посредувачка мисија на Европската комисија во граничниот спор на Хрватска со соседната Словенија, која ги блокира европските аспирации на Загреб. Станува збор за билатерален проблем, изјави шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт при претставувањето на програмата за претседавање со ЕУ на неговата земја во Брисел.

Тој се заложи за индивидуален пристап во приемот на земјите од Западен Балкан:

„Многу е важно е да го придвижиме целиот балкански регион нанапред, не велам дека сите земји ќе се движат со иста брзина, бидејќи имаат различна состојба и успесите ќе се оценуваат индивидуално, постои ризик од блокади и имаме серија на блокади, колку што одиме повеќе на југ блокадите се побројни, а тоа е на штета на стабилноста која сакаме да ја постигнеме во регионот“, оцени Билт.

Пиранскиот залив е дел од хрватско-словенечкиот спор околу морската границаФотографија: AP

Приемот на Хрватска во ЕУ е блокиран откако Словенија, која стана членка на Унијата пред пет години, во декември вложи вето. Двете балкански држави, од независноста по распадот на поранешна Југославија, спорат за мало подрачје на копно и меѓусебната морска граница во Јадранското море. Во петокот, преговорите со посредство на ЕУ повторно доживеаја неуспех. Сега е време двете земји да размислат, изјави Билт. Европската комисија нема да преземе нов обид за посредување.

За Македонија: да се почека извештајот на Комисијата

Во однос на приемот на Македонија, Билд со изјава дека ќе се чека оценката на Комисијата.

„Ќе мора да причекаме до извештајот на ЕК, кој се очекува наесен, за да видиме до каде е со исполнувањето на одредниците. Од препораките и анализите на комисијата ќе видиме каква одлука ќе донесе Советот. Сега е многу рано да кажам било што, бидејќи не знам со каков извештај ќе излезе Комисијата“, изјави Билт во врска со приемот на Македонија во ЕУ.

Исланд би можел напротив да биде следната земја која ќе биде примена во ЕУ. За поднесувањето барање за прием ќе решава исландскиот парламент, на крајот на јуни или почетокот на јули. Билт стави во вид скратени преговори. Постојат само малку отворени прашања, изјави тој. Експертите сметаат дека е можен прием на Исланд во ЕУ, уште во 2011 година.

ЖА/ТГ/АТ/афп/ројтерс

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска







Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми