1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шведски министер бара враќање на визите за Западен Балкан

СН/АТ/миа30 јануари 2013

Шведскиот министер за миграција Тобиас Билстром смета дека е неприфатливо илјадници лица од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора да бараат азил во Шведска.

Фотографија: katatonia/Fotolia

Шведскиот министер за миграција и политика на азил, Тобиас Билстром побара повторно воведување на визи за граѓаните од земјите од Западен Балкан при патување во државите-членки на ЕУ.

Билстром веќе ги информирал своите колеги од членките на ЕУ дека се залага за повторно воведување на визен режим за „Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора, бидејќи е неприфатливо илјадници лица од овие земји да бараат азил во Шведска“, наведува шведскиот весник „Сидсвенскан“. Тие ги наведуват сиромаштијата и неможноста за вработување како причини поради кои дошле. Тоа никогаш не било основа за одобрување азил, наведува шведскиот министер.

Билстром воедно најави и дека шведската Влада наскоро ќе ја заостри политиката кон азилантите, со цел таа да стане „поправедна и покоректна“. Меѓу новите мерки што се предлагаат е и онаа лицата кои бараат азил да мораат да најдат работа во Шведска, пред да можат во земјата да го доведат и своето семејство.

„Шведска троши огромно количество пари за лицата кои веќе добиле нагативни одговори на нивните барања за азил, но и натаму се наоѓаат во земјата“, истакнува Билстром.

„Сидсвенскан“ наведува дека властите очекуваат оваа година азил во Шведска да побараат околу 54.000 лица, меѓу кои меѓу 15 и 20 илјади од Сирија. Според весникот, во моментов главен проблем за Шведска е тоа што нема доволно станбен простор за смесување на сите лица кои бараат азил. Поради сето ова, Билстром смета дека и останатите земји од ЕУ би требало посериозно да го разгледаат проблемот со зголемениот прилив на бегалци од Сирија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми