1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Полни џебови на шверцерите со луѓе

Џанел Лауш/Ж.А.14 септември 2015

Стотици илјади луѓе од кризните држави бегаат кон Европа, ризикувајќи го животот. Бескруполозните шверцерски банди на нив заработуваат огромни пари.

Фотографија: Getty Images/AFP/E. Barukcic

Шверцерите со луѓе од сириските бегалци во просек заработуваат 2.500 евра по човек за пат кон Европа-огромни пари за сириски услови. Од почетокот на војната пред четири години, четири од петмина Сиријци живеат во сиромаштија. Но, многумина од Сирија, Еритреја, Авганистан и други од криза зафатени земји, ги даваат и последните пари за бегство. Тоа ги полни џебовите на шверцерите со луѓе.

Од 2000. година кон Европа преку копно или вода се упатиле 1,2 милиони бегалци и мигранти.

Во истиот временски период, мигрантите и бегалците платиле околу 16 милијарди евра за да стигнат до Европа.

А тоа е само воздржана проценка до јуни оваа година. Но, само во август стигнале трипати повеќе бегалци отколку истиот месец лани. Тоа значи дека кај шверцерите завршиле уште повеќе пари отколку што досега се претпоставуваше.

Тоа што криумчарите заработуваат толку многу пари со криминал е уште понеподносливо, кога се знае дека само оваа година загинаа над 2300 бегалци во обидот да стигнат на сигурно место.

Заработувачка на сметка на човечката мака

01:24

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми