1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шверцот со мигрантите цути на Балканот

Б.Георгиевски/афп19 мај 2016

Шверцерите профитираат по затворањето на балканската рута за мигрантите. Во кампот во Табановце останати се само стотина луѓе, а секојдневно пристигнуваат нови.

Фотографија: Getty Images/M. Cardy

Мохамад Џама останува без здив додека раскажува за своето тајно патување од Грција во Македонија: десетдневна „авантура“ низ планините дополнета со ограбување од локалната „мафија“ и плаќање мито на полицијата.
Иако т.н. Балканска рута е официјално затворена за мигрантите, стотици сѐ уште наоѓаат пат низ неа секој ден, без разлика дали самостојно или со помош на шверцерите.

„Можеби денеска или утре ќе одам во Србија, пеш. Не се плашам од полицијата или мафијата, сакам да стигнам до Германија“, вели 20-годишниот Џома, студент по право од Сирија.

Фотографија: picture-alliance/AP Photo/A.Emric

Тој и неговите четворица сопатници - млади луѓе од Сирија и од Ирак, одмораат неколку дена во бегалскиот центар Табановце пред да продолжат на север кон Србија.

Раскажуваат за интензивните пазарења и договори во кампот меѓу бегалците и криумчарите кои доаѓаат во посета навечер.

„Тука е вистински пазар“, се шегува Џома.

„Сега знаеме кој е сиромашен“

Откако во март беше затворена Балканската рута, околу 1.500 луѓе останаа заглавени на Табановце. Денес се останати само уште неколку стотици.
Пред затворањето на границата „не знаевме кој е сиромашен, а кој богат“, вели Дритон Малиќи од невладината Легис. Но оние што останаа очигледно се сиромашни „затоа што оние кои имаат пари успеаја да заминат“, вели Малиќи.

„Иако Балканската рута е затворена, секој ден доаѓаат нови бегалци, но сите знаат дека тоа го прават преку шверцерски канали“, вели Малиќи.

Бегалци во ТабановцеФотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski

Бремената 17-годишна Сиријка, Нур Монаџед, која е заглавена во Табановце, вели дека ѝ се потребни 200 евра за да биде префрлена до Белград.
„Доколку имате пари не е проблем, но јас немам“, вели таа.

Шверцерските банди во Европа успеале да заработат 6 милијарди долари во 2015 година, се наведува во заедничкиот извештај на Интерпол и Еуропол објавен во вторникот. Повеќе од 90 проценти од мигранти користат шверцери на дел од своето патување во Европа, плаќајќи во просек меѓу 3 и 6 илјади евра.

Судири меѓу мигрантите и полицијата во Идомени

01:18

This browser does not support the video element.

Многумина од нив завршуваат како бело робје за да си го исплатат долгот.

Џома и неговите пријатели на крајот успеаја да стигнат во Белград со воз, откако добиле совет од македонските полицајци каде да ја минат границата. Планираат да заминат кон Унгарија, откако шверцер им понудил да ги пренесе преку границата за 800 евра по човек.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми