1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шеика Хаја претседателка на Генералното собрание на ОН

9 март 2007

Шеика Хаја Рашед Ал Калифа е претседателка на Генералното собрание на ОН од 8 јуни 2006 година. По 40 години таа е третата жена што го држи жезлото во светската организација.

Претседателката на Генералното собрание на ОН
Претседателката на Генералното собрание на ОНФотографија: AP

На почетокот на сегашната функција како претседателка на Генералното собрание, Шеика Хаја побара засилени напори во битката против сиромаштијата во светот. Најважна цел во нејзината агенда, ангажманот за правата на жената. Не смее да се прифати половината од човештвото генерално да има полмалку можности за образование, здравство, како и помали можности за заработување. Нада Ал Хифаз, министерка за здравство на Бахреин, беше многу горда на изборот на Шеика Хаја на врвот на светската организација:

„Вистина сум многу среќна и горда зашто таа е првата арапска жена што презема толку важна функција на меѓународно ниво, а истовремено е претставничка на Бахреин и зашто лично ја познавам и ги знам нејзините квалитети„.

Во Бахреин, каде што Шеика одрасна, движењето на жените уште во почетокот на минатиот век беше многу активно. Таа се гледа себе си како предводник на правата на жената во образованието, цивилното општество и учеството во комуналните избори. Во споредба со жените од земјите во Персискиот залив богати со нафта, жените во Бахреин веќе постигнаа многу.

Меѓутоа, именувањето на Шеика Хаја меѓу политичката класа предизвика дебата околу тоа колку тој потег може да се смета за напредок и израз на политичките и општествените реформи во земјата. Нејзино именување сепак не може да ги прикрие постојните фундаменталистички струења во нејзината земја, вели активистката од Бахреин Гада Џамшир:

„Фундаменталистичкото движење Салафија во Бахреин е проследено од спречување на развојот на жената и државата ништо не презема против тоа иако ги има сите можности„.

Инаку, Нада Ал Хифаз, министерката за здравство, беше првата жена што доби толку висока функција:

„Во уставот од 2002 година јасно пишува дека жената и мажот се рамноправни на изборите и за се друго. Истовремено, Бахреин е земја предводник на тој план во споредба со другите во регионот„.

Во првиот говор по преземањето на новата функција, претседателка на Генреалното собрание на Обединетите нации пред две години, Шеика Хаја изјави дека нејзината муслиманска религија нема да и пречи во остварувањето на функцијата и дека ќе направи се што е во нејзина моќ да се спроведат неопходните реформи на Обединетите нации. Наџат Ружди, координаторка на програмата за развој на арапскиот регион во изборот на Шеика Хаја гледа оптимистичка перспректива:

„Нејзината одговорност и присутност без сомневање придонесува за тоа да се промени сликата за арапската муслиманска жена во неарапскиот свет„.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми