1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шекеринска заминува од Владата

ДТЗ
17 декември 2021

„Не се согласував со дел од политиките. И мислам дека дел од нив придонесоа за поразот што го доживеавме на локалните избори“, вели Шекеринска.

Radmila Sekerinska, Vertedigungsministerin, Nord-Mazedonien
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска се повлекува од Владата, поради несогласување со дел од политиките во СДСМ. Таа денеска сооопшти дека се повлекува од министерката позиција поради принципиелни причини и нема да учествува во составувањето на новиот владин кабинет со кој, по повлекувањето на Зоран Заев, ќе управува новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Ваквата одлука следи откако таа на почетокот на годинава се повлече од раководството на СДСМ, каде што беше заменик претседател.

„Тогаш најавив дека ќе се повлечам од раководството на СДСМ поради тоа што не се согласував со дел од политиките. И мислам, можеби сум субјективна, дека дел од тие политики придонесоа за поразот што го доживеавме на локалните избори“, вели Шекеринска. Таа критикува дека од тие лекции не биле извлечени поуки и дека некои од пораките на јавноста не ги слушнале или не ги разбрале како партија .

Радмила Шекеринска со Бранко Црвенковски и Зоран ЗаевФотографија: MIA

„Затоа мислам дека единственото чесно или принципиелно поведение, единствената чесна одлука би била да кажам дека нема да учествувам во следната Влада“, изјави Шекеринска, на прес-конференција во Министерството за одбрана.

Шекеринска во април годинава најави дека нема да се кандидира повторно за заменик-претседателка на СДСМ на конгресот кој се одржа во мај. Таквиот потег во јавноста се толкуваше како нејзино можно дистанцирање од премиерот. Заев тогаш тврдеше дека Шекеринска е една од најзаслужните за членството на земјата во НАТО, за преговорите со ЕУ. „Јас ќе продолжам да соработувам. Верувам дека на многу заеднички проекти ќе соработувамe“, порача тогаш Заев. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми