1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шекеринска: Институциите реагираат на криминалот

15 август 2019

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска тврди дека во случајот „Рекет“ нема да има политичка заштита за никого. Таа смета дека во скандалот досега биле кажани многу лаги.

Minister der neuen mazedonischen Regierung
Фотографија: DW/Petr Stojanovski

Ја поддржуваме истрагата за „Рекет“ и очекуваме институциите да си ја завршат работата, вели министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
„Оваа држава се промени и кога ќе се види криминал институциите реагираат“, рече Шекеринска, потсетувајќи дека премиерот Зоран Заев бил тој што го пријавил случајот во Обвинителството.
„Никој од нас нема да очекува, ниту пак ќе добие политичка заштита“, вели таа.
Шекеринска сепак одби директно да одговори на прашањето дали била на гости кај Бојан Јовановски, како што се инсинуира во еден од објавените разговори од италијанскиот весник Ла Верита.
„Многу лаги беа кажани. Ама ако тргнеме да реагираме на секоја од тие лаги, ќе дозволиме криминалците да се скријат“.
Во тој разговор, Јовановски го информира Камчев дека ја очекува на гости „сопругата“ на Бобо, кој пак оди вечерта кај Камчев.
Во Обвинителството за организиран криминал и натаму се прибираат докази за случајот. За денеска најавеното сведочење на специјалниот обвинител Бурим Рустеми беше одложено поради неговата зафатеност со предметот „ТНТ“. Претходно, искази дадоа специјалните обвинители Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска.
И весникот Ла Верита, во меѓувреме, престана да објавува снимки од разговорите меѓу осомничениот и сведокот-жртва. Причината, според изјава на авторот на текстовите за македонски портали, е во тоа што се чека „сведоците да бидат заштитени“.
 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми