1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шесте „Т“ на македонското СЈО

БГ
30 септември 2016

Титаник, Тортура, ТНТ, Транспортер, Тврдина и Трезор се шесте случаи кои досега ги отвори Специјалното јавно обвинителство. Осомничени или обвинети се десетици актуелни и поранешни државни и локални функционери.

Mazedonien Sonderstaatsanwältin Ristoska, Janeva und Fetai in Skopje
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Од изборот на Катица Јанева за Специјален Јавен обвинител на 15 септември 2015 година до денес, СЈО прерасна во институција која за многумина е симбол на надежта за враќање на правната држава и владеењето на правото во Македонија. Во нешто повеќе од една година работа, СЈО отвори десетици предмети против стотици лица. Кривичните дела кои се истражуваат се движат од повреда на избирачко право, злоупотреба на службена положба до насилство, шпионажа и злосторничко здружување. Делата произлегуваат од прислушкуваните материјали, дел од кои беа објавени во јавноста, а поголем дел не се, но се истражуваат. Специјалните обвинители досега преслушале и обработиле 55.240 аудио фајлови, односно 12 проценти од севкупно добиените прислушкувани материјали. 

Првите две обвиненија паднаа на 15 септември годинава, кога беше објавен и вториот шестмесечен извештај за работата на СЈО. Обвинети беа десетина лица, дел службеници на УБК поради уништување на доказен материјал во врска со неовластеното прислушување, а дел и како поттикнувачи или извршители на насилство за време на протестите пред општина Центар во јуни 2013 година. Меѓу нив е и експремиерот Никола Груевски.
Во меѓувреме беше откриен и предметот „Трезор“- прв што се однесува на економски криминал, а произлегува од незаконското следење на комуникациите. Претходно, СЈО отвори уште пет предмети каде постои сомнеж за сторени различни кривични дела. Сите почнуваа на буквата „Т“: Титаник, ТНТ, Транспортер, Тврдина и Тортура. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми