Шест војници на НАТО загинаа во Авганистан
17 декември 2013Шест американски војници на НАТО загинаа денеска при соборувањето на хеликоптер во јужната авганистанска провинција Сабул. Претставник на Mинистерството за одбрана во Вашингтон потврди дека жртвите биле членови на американските сили за безбедност. Според него, од засега неразјаснети околности дошло до отштетување на моторот на леталото. За инцидентот е отворена истрага.
Исто така и меѓународните трупи ИСАФ истакнаа дека не постоеле укажувања за активности на бунтовници во таа област, кои би можеле да бидат поврзани со уривањето на хеликоптерот.
Спротивно на тоа, радикално-исламистичките талибанци се изјаснија дека еден од нивните борци го урнал американскиот хеликоптер во Сабул. Владата на провинцијата соопшти дека хеликоптерот се урнал во селото Ебрахимхисл во провинцијата Сабул.
Последниот смртоносен инцидент со американски хеликоптер се случи во април годинава. Тогаш при уривањето на леталото на истокот на Авганистан загинаа двајца војници.