1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово поддржува меѓународна истрага за „Диво насеље“

ДТЗ
15 декември 2021

Македонските институции, според неофицијални извори, позитивно ќе одговорат на барањето на косовската амбасада во Скопје да посетат 17 косовски затвореници во „Идризово“.

Mazedonien Gerichtsprozess im Obersten Gerichtshof zur Kumanovo Razzia
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Шест години по „мини војната“ во кумановската населба Диво насеље, случајот повторно стана актуелен во медиумите. Косово најавува дека ќе поддржи меѓународна истрага за случајот, а косовски дипломати побараа и посета на 17 затвореници во „Идризово“ коишто имаат косовско државјанство, а беа осудени за случајот. Според неофицијални извори, македонските власти позитивно ќе одговорат на барањето за посета на осудениците. Извори за ДВ велат дека се разгледуваат сите аспекти на барањето и законските одредби за да се овозможи таква посета на затворот. Најавите се дека претставници на косовската амбасада во Скопје, деновиве ќе можат да ги посетат косовските државјани, коишто беа уапсени на 9 мај 2015 година. 

Поддршка за странска експертиза

Пресудата за „Диво насеље“ пред неколку месеци се најде пред Врховен суд откако беа поднесени жалби против пресудата која пред две години ја потврди Апелацискиот суд во Скопје. Косовската претседателка Вјоса Османи по средбата со македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска најави дека Косово ќе ја чека одлуката на македонскиот Врховен суд, кој треба да донесе одлука за жалбите поднесени за пресудата за „Диво Насеље“. Османи вели дека ќе дадат целосна поддршка во случај на меѓународна истрага и вклучување на надворешни експерти за да се откријат сите околности кои што се однесуваат на овој случај. Ваквата можност неодамна ја најави премиерот Зоран Заев, кој рече дека е информирана меѓународната заедница и оти се бараат начини за спроведување на меѓународна истрага за неразјаснетите околности поврзани со настаните во кумановското Диво Насеље на 9 и 10 мај 2015 година.

 

Одговарајќи на новинарско прашање за предметот „Диво Насеље“, Османи рече дека „се што ќе каже, би биле политички изјави, што не помагаат за случајот, кој што е во судска постапка“. „Моментално случајот е во високиот суд и откако ќе донесе одлука и ќе бидат завршени сите правни лекови внатре во Северна Македонија. Но, ние видовме дека и самиот премиер Зоран Заев кажа дека бил подготвен да има меѓународна истрага, како и вклучување на надворешни експерти за да ги разгледаат тие докази и во овој случај“, изјави Османи, на заедничката прес-конференција со претседателот Стево Пендаровски, кој е во посета на Приштина.

Одбраната на обвинетите за случајот „Диво Насеље“ во јули годинава, на јавна седница пред Врховниот суд во Скопје побара укинување на пресудата и случајот да се врати на повторно судење или таа да се преиначи во ослободителна, поради „суштествени повреди на кривичната постапка пред првостепениот и второстепениот суд, погрешно утврдената фактичка состојба и повреда на кривичниот законик“.

Втора иницијатива

 

Минатата недела во јавноста се појавија информации дека косовскиот заменик министер за правда, Блерим Салаху, планира да ги посети затворениците, но неговата посета потоа беше откажана. Поранешниот косовски премиер, Рамуш Харадинај, во август 2018 година побара затворениците за тероризам да бидат екстрадирани во Косово и преостанатата казна да ја одлежат во косовските затвори. Медиумите на албански јазик деновиве пренесоа дека на пленарна седница на Собранието на Косово повторно било расправано околу прашањето некои од членовите на ‘кумановската група’ да се вратат во Косово и таму да ги доиздржат своите затворски казни.

Судење и пресуди за тероризам

За настаните од кумановската населба на 9 и 10 мај 2015 година  на затворски казни осудени се вкупно 33 лица, а ослободителни пресуди добија четири лица. Судскиот процес се водеше за кривичните дела тероризам и терористичка организација. 

Вооружената престрелка во мај 2015 година траеше повеќе од 20 часа. Животот го загубија осум припадници на македонските безбедносни сили, а беа убиени и 10 членови на вооружената група.Фотографија: picture-alliance/epa/V. Xhemaj

Првостепената пресуда Основниот кривичен суд ја донесе на 2 ноември 2017 година, а беше потврдена во јули 2019-та и од Апелацискиот суд. 33 лица беа прогласени за виновни од кои седуммина добија доживотен затвор; 13 беа осудени по 40 години затвор; шестмина по 20 години, а останатите добија од 12 до 18 години затвор.

Вооружената престрелка во мај 2015 година траеше повеќе од 20 часа. Животот го загубија осум припадници на македонските безбедносни сили, а беа убиени и 10 членови на вооружената група. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми