1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Шест хакерски напади кои го шокираа светот

Александер Пирсон
8 јануари 2019

По дигиталната кражба и објавување на податоците на германски политичари, полицијата денеска соопшти дека уапсила 20-годишно осомничено лице.Ова е инаку само последниот во серијата прочуени хакерски напади ширум светот.

Illustration - Computer - Cyberkriminalität
Фотографија: picture-alliance/dpa/O. Berg

1999: 15-годишник ги хакира податоците на НАСА и американсското министерство за одбрана

Џонатан Џејмс имаше само 15 години кога во 1999 година повеќекратно ги хакираше Американскиот секретаријат за одбрана како и Националната аеронаутичка и вселенска администрација, накусо НАСА. Кога ги хакираше податоците од Агенцијата за одбрана и намалување на ризици од напад со нуклеарно, биолошко и хемиско оружје, тој украде кориснички имиња и пасворди на повеќе од 3 илјади адреси за електронска пошта од службата.

Со оглед на тоа дека се работеше за малолетен сторител, беше осуден на шест месеци младински затвор. Џејмс подоцна се самоубил кога во 2008 година американските тајни служби го обвинија за учество во друг сајбер напад.

2014: Сомневање за хакерски напад од Северна Кореја врз Сони

Компанијата Сони Пикчрс во ноември 2014 година беше предмет на сајбер напад, откако група хакери кои самите се нарекуваа "Чувари на мирот” си обезбедија пристап до компјутерската мрежа на компанијата.

Северна Кореја отфрли вмешаност во нападот, но делото го квалификуваше како "исправно" алудирајќи на комедијата "Интервју” која ја третира насилната смрт на севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ун, а беше продукција на Сони Пикчрс. Американскиот секретаријат за правда во септември 2018 година покрена обвинение против Севернокореецот Парк Јин Хиок за хакерскиот напад врз Сони. Според информации на Федералната полиција, Парк соработувал со компанија која оперирала како параван на севернокорејската влада.

Фотографија: Reuters/K. Pempel

2015: Хакерски напад врз електричната мрежа на Украина

Околу 230 илјади луѓе останаа шест часа без струја во декември 2015 година откако хакери се инфилтрираа во три компании за снбдување со електрична енергија и ги исклучија генераторите во три региони во Украина.

Украинските тајни служби ја обвинија руската влада за нападот. Без експлицитно да ја споменат руската влада, неколку независни американски компании за обезбедување кои вршеа истрага на случајот, заклучија дека нападот бил извршен од Русија. Се верува дека ова е прв случај во кој хакери успешно нападнале мрежа за дистрибуција на електрична енергија.

2016: Руси наводно хакирале американските демократи

Хакери објавија стотици мејлови од Демократскиот национален комитет (ДНК), управниот одбор на Демократската партија за време на претседателските избори во 2016 година. Протекот на овие податоци го посрамоти партиското раководство, кое во дел од дописите иразува непочитување за кампањата на Берни Сандерс, кандидатот кој се натпреваруваше со Хилари Клинтон во трката за претседателски кандидат на партијата.

Американското министерство за правда потоа обвини 12 Руси за кои се верува дека се руски агенти на Агенцијата за воено разузнавање, ГРУ и одговорни за нападот. Обвиненијата беа издадени од специјалниот обвинител Роберт Милер кој ги истражува наводите за наводна вмешаност на руската влада во изборите за да помогне да се избере претседателскиот кандидат на Републиканците, Доналд Трамп.

Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Carstensen

2017: WannaCry

Нападот со употреба на откуп познат како „WannaCry" зарази над 300.000 компјутери во 150 земји во мај 2017 година. Софтверот ги шифрирал датотеките и барал од корисниците стотици долари откуп во замена за дешифрирање на фајловите. Од овој напад беа погодени болници, меѓу кои и многу кои се дел од Британскиот национален здравствен систем (НХС), банки и други компании. Шпедицијата Федекс соопшти дека изгубила стотици милиони долари како резултат на нападот. САД и Велика Британија за ова ја обвинија Северна Кореја, која ги демантираше овие наводи и ги оцени овие обвинувања како „сериозна политичка провокација".

2019: Напад врз германскиот Бундестаг

Во јануари, Германската сојузна канцеларија за ИТ безбедност (БСИ) соопшти дека истражува сајбер напад врз стотици политичари, вклучително и германската канцеларка Ангела Меркел. Цел на нападот биле сите партии во германскиот парламент освен десничарската Алтернатива за Германија (АФД). Финансиски информации, лични карти и приватна комуникација беа меѓу податоците кои хакерите ги објавија онлајн. Бројот на факсот на Меркел, нејзината имејл адреса и неколку нејзини писма беа исто така објавени. Полицијата денеска соопшти дека привела осомничено лице за извршување на хакерскиот напад. Станува збор за 20-годишно момче, кое наводно го признало делото и нема никаква поврзаност со тајни служби. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми