1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шефер на Косово

15 февруари 2007

Генералниот секретар на НАТО Јаап Де Хоп Шефер денеска патува на Косово каде сака лично да се увери за состојбата на теренот. Првиот човек на Алијансата уште еднаш ги предупреди двете страни во процесот дека насилството не е вистинскиот пат за решение на проблемот.

Јаап Де Хоп Шефер
Јаап Де Хоп ШеферФотографија: AP

“ Ќе одам на Косово и ќе поминам таму цел ден во разговори со сите релевантни страни и ќе нагласам повторно дека КФОР е таму за да ги штити малцинствата и мнозинското население во покраината. Ќе разговарам со сите, не само заради тоа што НАТО е дел од политичкиот процес, туку дека Алијансата и КФОР играат многу важна улога" изјави шефот на Алијансата воочи заминувањето во покраината. Тој повторно нагласи дека го осудува насилството за време на демонстрациите на здружението Самоопределување минатата сабота во Приштина и предупреди дека тоа не е вистинскиот начин за решавање на проблемот:

“ Никој во Белград или Приштина нека нема илузии дека насилството ќе му помогне на процесот. Заеднички интерес е предлогот на Марти Ахтисари да го сватиме многу сериозно и НАТО тоа и го прави. Процесот е во надлежност на Марти Ахтисари и на страните во преговорите.

Инаку на барање на шефот на УНМИК на Косово, Јоаким Рикер, од функцијата се повлече шефот на меѓународната полиција во покраината Стивен Кертис. Рикер побара негова оставка од политички причини, откако беше утврдено дека двајцата загинати за време на демонстрациите во саботата, настрадале од гумени куршуми. Кертис изјави дека истрагата за настаните ќе биде детална и транспарентна:

“ Се надевам дека мојата оставка ќе ги елиминира стравувањата за полицијата, кои се присутни во јавноста на Косово“

Првиот човек на мисијата на ОН Јоаким Рикер изјави дека оставката на комесарот на УНМИК ја побарал од политички причини

“ Сакам да биде јасно дека оставката на комесарот на полицијата не прејудицира со тековната истрага во врска со настаните од саботата, Моето барање е од политичка и принципиелна природа“ изјави Рикер

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми