1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шефер на Косово

12 мај 2006

Со преговорите за идниот статус на Косово треба да се најде компромис и секој кој ќе биде пречка во процесот на утврдување на статусот, ќе се соочи со КФОР, порача во Приштина, генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер.

Јап де Хоп Шефер
Јап де Хоп ШеферФотографија: AP

На прес конференцијата одржана на приштинскиот аеродром, Шефер нагласи дека 17-те илјади војници на КФОР кои се стационирани на Косово се подготвени да го обезбедат текот на преговорите, но негираше дека на средбите во покраината бил предупреден оти е можно да се случи насилство за време на преговарачкиот процес.

Високата 26 члена делегација на НАТО, предводена од генералниот секретар, Јап де Хоп Шефер, еден ден на Косово разговараше со највисоките претстаници на УНМИК, на косовските власти и со претставниците на “Српската листа за Косово и Метохија“, а го пости и манастирот Високи дечани. Според Шефер, доаѓањето на олку бројна делегација, покажува дека НАТО е посветен на своите задачи на Косово и на ангажманот на КФОР на обезбедување на сите граѓани. Генералниот секретар на алијансата го повика Белград да ги охрабри косовските Срби за учествуваат во процесот на утврдување на статусот, а на сите кои сакаат да ја дестабилизираат политичко-безбедносната ситуација на Косово, им порача: “Секој кој што ќе го попречува процесот, ќе се соочи со КФОР. КФОР е и затоа тука. Компромисите се секогаш тешки, но требада знаете дека КФОР е овде“.

Шефер на прецизираше на каков вид компромиси мисли, но спомена неколку приоритети кои според негомораат да бидат исполнети во скорешна идина:

“Децентрализација на власта, учество на Србите во работата на институциите, како и исполнувањето на стандардите – сите тие процеси се важни“, рече Шефер и додаде дека сите тие треба да бидат завршени пред да се почне со дефинирање на конечниот статус на Косово. Геенралниот секретар на НАТО неколкупати повтори дека КФОР е на Косово и за мнозинството и за малцинствата и потенцираше дека од голема важност е прашањето на заштита на малцинствата и зачувувањето на културното и верското наследство.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми