1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шилинг во Босна остава градилиште

29 јуни 2007

Овој викенд германскиот политичар Кристијан Шварц Шилинг го завршува мандатот како висок претставник на меѓународната заедница во Босна. Негова желба беше да биде последниот.

Шилинг заминува, ЕУФОР остануваФотографија: AP

„Од стартот реков: јас нема да интервенирам, а се обидов и на меѓународната заедница да и објаснам дека треба да се создадат околности одговорноста постепено да ја преземат овдешните луѓе, дури и ако прават грешки. Значи да не биде одговорна меѓународната заедница за се што не функционира„., вели Шварц Шилинг.

Неговиот концепт не се оствари: парламентарните избори во минатата есен, нему и на меѓународната заедница им ги помрсија сметките. Во Република Српска и во босанско-хрватската федерација избирачите не се изјаснија за економски реформи, туку повотрно се потрпреа врз старите националисти. Оттогаш, агресивната реторика и меѓусебното блокирање ја определуваат климата во земјата, за што Шварц Шилинг вели:

„Во погон е вербална реторика на меѓусебно навредување што оди до самата граница. Јас бев 26 години во германскиот Бундестаг, така што не би можел да кажам дека сето ова е надвор од нормална ситуација. Но, тоа овде е опасно„.

Конечно, би можеле повторно да избувнат старите етнички конфликти меѓу босанските Муслимани, Србите и Хрватите. За да се спречи тоа, во Босна остануваат трупите на ЕУФОР, а и функцијата висок претставник е продолжена за уште една година, иако претходно беше планирано по Шварц Шилинг да остане само специјален претставник на Европската унија со ограничени надлежности. Инаку, високиот претставник има право, ако е неопходно, да интеревенира во донесените решенија и да менува политичари, што претходникот на Шварц Шилинг, Педи Ешдаун го правеше многу самоволно. Експертот за југоисточна Европа, Ерхард Бусек оценува:

„Стилот на Шварц Шилиг беше сосема поинаков. Тој бараше дијалог. Секогаш имаше импозантен ангажман за бегалското прашање. Беше човек кој во германскиот Бундестаг и во германската јавност жестоко го бранеше ангажамнот за Балкан. Ја презеде функцијата во Босна со страст нешто да постигне„.

Критичарите велат дека поради неговата воздржаност не се влоши само политичката клима, туку се одолговлекоа и неопходните реформи на полицијата и уставот.

Шварц Шилинг во Босна остава градилиште на кое има уште многу работа за неговиот наследник, словачкиот дипломат Мирослав Лајчак.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми