Ши и Обама на прва средба во Калифорнија
8 јуни 2013Оваа тема се наметна како иритација во односите меѓу Вашингтон и Пекинг. Но, Обама, зборувајќи по првата од серијата средби со Ши во Калифорнија, рече дека со кинескиот колега е препозната потребата да се воспостави сет на заеднички правила за ова прашање.
Оваа тема е значајна за американската стрaна, откако неодамна беа испратени обвинувања на сметка на Пекинг за хакирање на американски вебстраници.
Обама изјави дека самитот е „суштински“ за постигнување „трајно разбирање“ за безбедноста на интернет. Американскиот претседател изрази загриженост и за кражбата на интелектуалната сопственост, односно изработувањето плагијати во Кина, и побара „заеднички правила“ и во оваа област.
Ши изразил надеж за продлабочена соработка, истакнувајќи дека Кина и САД би можеле да изградат нов модел на односи во „голема земја“.
Дводневниот самит во близина на Палм Спрингс е неформална можност за двајцата лидери да се запознаат и да воведат свеж тон во идниот дијалог меѓу двете најмоќни економски сили на светот.