Школа за демократијата
13 октомври 2006Таму досега биле вкупно 17 политички активни млади луѓе од Македонија,сега заминуваат уште четворица,да го почувствуваат духот на демократијата,параламентарната пракса и пред се животот во Германија.Домаќин на пратеничката Вестрихт беше Лиле Поповска од ДОМ.За македонските стипендијанти рече:
„Сите тие кандидати кои ја поминале обуката во Германија се вратени во Македонија и учествуваат во нејзиниот јавен живот на различни начини“.Но ниту еден од практикантите во Бундестагот не е вработен во Македонскиот парламент .
Ова прашање било отворено и со претседателот на Парламентот,Љубиша Георгиевски.Гостинката од Германија се осврна на историјатот на проектот:Меѓународна пракса во Бундестагот:
„Меѓународниот парламентарен практикум се организира повеќе од 20 години.Почна со Америка и Франција.Денеска кај нас во Германија доаѓаат практиканти од цела Европа,до Кавказ и Казахстан.Секоја година повеќе од 100 млади луѓе се доедуцираат по дипломирањето во својата земја,рече пратеничката од Бундестагот.
Германскиот Бундестаг во соработка со Хумболт универзитетот,Слободниот и Техничкиот универзитет од Берлин овозможува секоја година околу сто политички активни луѓе од 21 европска земја и од САД да го запознаат политичкиот процес и работата на Германскиот парламент.Парламентарната пракса трае пет месеци,освен работа во кабинетот на некој пратеник,праксата вклучува и бројни семинари.Целта е практикантите да се запознаат со германскиот политички систем,економијата,образованието и науката.Александар Спасов вели дека праксата во Бундестагот научил многу:
„Имав чест и јас да учествувам во оваа година,работев во канцеларијата на пратеник на Слободната демократска партија,покрај тоа бев запишан и на Хумболт универзитетот,посетував семинари на политичките фондации во Германија.Оваа програма е извонредно искуство за еден млад човек,бидејќи овозможува целосен увид во политичкиот,односно во парламентарниот живот на Германија. “
Кандидатите кои се заинтересирани за пракса во германскиот Бундестаг можат да добијат повеќе информации на интернер страницата на германскот парламент:www.Bundestag.de