1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Школа за правење торти

Рал/Петер Кул/ Гела Браун/ Жана Ацеска14 март 2014

Во „Кејк скул“, школата за торти во Берлин, се учи правењето вистински мали уметнички дела. За високата уметност на декорирање се потребни трпение и умешност.

Слатките уметнички дела се речиси преубави за да се јадат. Во „Школата за колачи“ во Берлин се учи како да се направат.

Се почнува со развлекување на фонданот. Тим од искусни кондитори покажува како тоа се прави. Тој мора да биде добро измазнет. Потоа се отстранува остатокот и - толку. Но, многумина се прашуваат: што е всушност фонданот ролна?

Раководителката на курсот Зигрид Розин, објаснува:

„Фондан е оваа течна шеќерна маса, со која пекарите ги преливаат колачите Американери. А, овде поради гликозниот сируп, масата е толку стврдната што може да се витка. Затоа всушност се нарекува фондан за развлекување“.

Фотографија: Fotolia/indukas

Тортите се‘ уште изгледаат прилично голи, но не за долго. Раководителката на курсот Зигрид Розин со брзите прсти и со помош на силиконски форми како со магија прави цвеќиња, украсни бордури, топчиња или цветни ливчиња врз тортите - со успех кај сите.

„На една ваква торта работам со часови, на некој начин јас создавам некаква врска со неа, како мала приказна. Почнувам и ја правам тортата со часови. Тоа е и напорно, постојат понекогаш и проблеми кога ќе се нанервирам зашто нешто не оди. А, кога резултатот е толку убав, не можам да ја јадам тортата“, искрена е Сара Џули Ото, студентка.

Зигрид Розин употребува и модли, со кои се прават цветови од лотос, пеперутки или уметнички фантастични цвеќиња. За високата уметност на декорирање се потребни трпение и умешност. Во просторијата владее апсолутна тишина и концентрација.

Школа за правење торти

02:29

This browser does not support the video element.

„Ова е навистина прецизна и пипава работа, секој дел посебно да се исече и извади, но мислам дека вреди“, вели Ани Ловрич, ученичка.

Зилке Шиндлер во Берлин допатувала специјално од Јена.

„Никогаш не би помислила дека може да се направат толку многу убави нешта и тоа од едноставни работи. Човек треба само да почне и да има желба за да испробува“.

На крајот се разбира треба да се направи фотографија од уметничките дела и тие можат да се јадат - слатките, мали рачно направени уметнички дела.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми