1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Шлаканица“ за Орбан во унгарскиот парламент

СН/ агенции
8 ноември 2016

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска не успеа да добие поддршка во парламентот во Будимпешта за уставна промена со која би се спречило разместување на мигрантите во Унгарија според плановите на Европската Унија.

Ungarn Orban gibt Statement zum Referendum ab
Фотографија: Reuters/L. Balogh

Унгарскиот парламент денеска не го прифати амандманот на Уставот на премиерот Виктор Орбан против бегалските квоти, односно амандман со кој на бегалците би им се забранило да се доселат во Унгарија.  Орбан не ги доби неопходните две третини од гласовите во парламентот, односно за прифаќање на амандманот му недостасуваа само два гласа. За амандманот гласаа 131 пратеник, од 199, а за да биде усвоен неопходни беа 133 гласа.

Орбан претходно изјави дека усвојувањето на амандманот е неопходно за да се потврди резултатот на референдумот за бегалските квоти, одржан на 2. октомври. На референдумот, иако гласаа помалку од половина од граѓаните со право на глас во Унгарија, повеќе од 3 милиони Унгарци гласаа против бегалските квоти на ЕУ.

Фотографија: Picture-Alliance/Z. Mathe/MTI via AP

Тоа е прв пат по 2010. година унгарскиот парламент да гласа против премиерска одлука. Аналитичарот Золтан Цегледи оцени дека гласањето во парламентот претставува „пораз на политиката на моќ“  и оти Орбан го доведува во „тешка позиција да објаснува зошто не е способен да постигне што било“.

Минатата година ЕУ усвои одлука за обврзувачки квоти за прифаќање мигранти. Унгарскиот премиер Виктор Орбан повеќе пати истакна оти таа одлука е „нелегална, неразумна и нефер“ и оти Брисел со тоа ги преминал своите овластувања кога ја одобрил таа распределба и покрај противењето на некои земји, главно од источна Европа.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми