1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

--

14 ноември 2011

Германија е во шок по откритието дека радикална група убивала луѓе со странско потекло, и една припадничка на полицијата, без да биде откриена. Полицијата почна да го одмотува клопчето на десно-радикалниот тероризам.

Mordopfer Döner-Morde Neonazis Terrorismus Mord Rechtsextremismus
Досега познатите жртви на терористичката групаФотографија: picture alliance/dpa

Во Карлсруе вчеравечер беше приведена осомничената десна-екстремистка Беате Ц. во Сојузниот суд. Кусо подоцна тој издаде обвинение против оваа жена дека заедно со уште двајца соучесници ја формирала терористичката ќелија „Националсоцијалистичко подземје“, НСУ.

Тројцата терористи живееле во заедничка куќа во Цвикау, покраината Саксонија. Откако нејзините соучесници се самоубија Беате Ц. ја запалила куќата во обид да ги уништи доказите. Сепак, истражителите успеаја да пронајдат видео-записи, доказ дека тројцата извршиле убиства врз деветмина странци и една припадничка на полицијата.

Шок во цела Германија - канцеларката исто така изрази загриженост.

„Ова е исклучителен настан, кој мора да се истражи со најголемо внимание и кој открива структури за кои не сме ни помислувале дека постојат“, изјави канцеларката Ангела Меркел.

Каде се соработниците?

Досега не е јасно колку соработници имале тројцата десни екстремисти. Уште еден осомничен соучесник беше уапсен во Долна Саксонија и против него ќе биде подигнато обвинение.

Инсерт од видео пронајдено кај убијцитеФотографија: dapd

Многу работи се’ уште не се јасни. Германскиот министер за внатрешни работи Ханс Петер Фридрих ќе истражува дали групата извршила и други деликти.

„Според сознанијата што до сега ги имаме, по се’ изгледа дека се соочуваме со една нова форма на десно-екстремен тероризам“, изјави министерот Ханс-Петер Фридрих..

Семејствата и пријателите на жртвите бараат објаснување. Тие пред се’ сакаат да знаат како е можно десно-екстремната група со години да остане неоткриена.

Автор: Тим Јаншки/ Борис Георгиевски

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми