1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шолц: Русија не смее да победи во оваа војна

ЕМФ | агенции
6 април 2022

Германскиот канцелар Олаф Шолц најави натамошна испорака на оружје за Украина и зголемување на притисокот врз Русија.

Deutschland | Olaf Scholz im Bundestag zu Waffenlieferungen an die Ukraine
Фотографија: Markus Schreiber/AP Photo/picture alliance

„Наша цел мора да биде - Русија да не победи во оваа војна“, изјави денеска во Бундестагот германскиот канцелар Олаф Шолц. Тој најави натамошна испорака на оружје за Украина, во соработка со партнерите од ЕУ и НАТО, како и зголемување на притисокот врз Русија со нови санкции, за кои не даде детали. Во истовреме, германскиот канцелар нагласи дека НАТО во никој случај нема да се вклучи во војната.

Шолц во Бундестагот зборуваше и за злосторствата во Буча. Според него, руските војници таму направиле масакр. Да се убиваат цивили е воено злосторство, рече германскиот канцелар, додавајќи дека одговорните и извршителите мора да бидат изведени пред лицето на правдата. Шолц смета дека слични слики како во Буча ќе има и во други места во Украина. Тој го повика рускиот претседател Владимир Путин веднаш да ѝ стави крај на „разорната“ војна.

Да им се помогне на бегалците

Канцеларот, одговарајќи на пратенички прашања, побара од германските покраини да не почнуваат кавга околу приемот на бегалците од Украина. „Посакувам да нема долга дискусија околу финансиските прашања помеѓу различни нивоа (на власта) во нашата земја, туку брзо да постигнеме согласност помеѓу сојузот и покраините“, рече Шолц во Б ундетсгаот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми