1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шпанија жали за крајот на „фудбалската династија“

Александар Методијев/ројтерс/афп/миа19 јуни 2014

Шпанските весници бликаат од жал за крајот на „фудбалската династија“ во земјата, откако националниот фудбалски тим го загуби и вториот меч на Светското првенство во Бразил. Повратната карта за дома е резервирана.

Фотографија: Reuters

Поранешниот светски првак Шпанија загуби синоќа со 2:0 од Чиле. Со тоа славните денови на шпанскиот национален фудбалски тим одат во историските книги. За разлика од минатонеделниот пораз од 5:1 од Холандија, кога веста беше на сите насловни страници, вториот дебакл повеќе е забележан на внатрешните страници во весниците.

Водечкиот шпански весник „Ел паис“ забележува дека наместо со кралски прием шпанскиот фудбалски тим „ја заврши својата бајка на најужасен начин – во светот на фијаското“.

Шпанскиот национален фудбалски тим беше неспорен крал на глобалниот фудбал во минатите шест години. Шпанија ги освои европските шампионати во 2008 и 2012 година, како и Светскиот куп во Јужна Африка. Но, супериорноста на тимот повеќе ја нема, а тој со текот на годините и остаре, па му е потребно обновување со млади играчи. „Судир! Крај на уникатната генерација“, забележува спортскиот весник „Марка“ и додава: „Ужасен крај на најславната ера. Збогум златни години“.

Икер КасиљасФотографија: Reuters

Шпанија со синоќешниот пораз стана третиот шампион кој во последните четири Светски првенства е елиминиран во натпреварите по групи. Со ова со сигурност ќе биде ставен крај на долгогодишните меѓународни кариери на Чави Хернандез, Икер Касиљас и Чаби Алонсо.

А, првиот голман на шпанската репрезентација, Икер Касиљас, разочаран од елиминацијата побара прошка од навивачите на „Црвената фурија“.

Шпанија загуби од Чиле со 2:0Фотографија: Reuters

„Кога на Светско првенство ќе ги изгубите првите два натпревара, тогаш се‘ е јасно. Бараме прошка од навивачите. Се обидовме повторно да ги направиме среќни, но не успеавме. Многу ни е тешко поради тоа. Сите сме разочарани“, истакна Касиљас. Тој по синоќешниот пораз од Чиле рече дека се’ уште не знае дали ќе си замине од репрезентацијата.

„Дали е ова мојот последен репрезентативен настап? Не знам, ќе видиме. Овој состав не заслужува ваков крај. Сега мораме да ја победиме Австралија, а честитки за Чиле кој заслужено оди во следната фаза. Тоа е фудбалот. Некогаш се победува, ама и се губи“, додаде Касиљас.

Шпанските медиуми забележуваат големи грешки во играта на националниот тим, како и дека во него се чувствувала „скршеност, исцрпеност“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми