Еден слон загина, а уште два се повредени откако камионот кој ги превезувал излетал од автопатот во југоисточна Шпанија
Реклама
Циркускиот камион кој превезувал пет слона, се превртел при обид да претекне бавно возило во регионот на Кастиња- Ла Манча. Сообраќајот беше во прекин повеќе од два часа поради тоа што три слона слободно шетаа по автопатот, а четвртиот мораше да биде извлекуван со специјална опрема откако заглави во дупка.
Директорот за сообраќај во шпанското министерство за внатрешни работи постираше видео од повредениот слон кој беше евакуиран на Твитер.
Шпанските активисти за заштита на правата на животните го осудија инцидентот и повикаа на прекин на користењето животни во циркусите. „Слоновите треба да бидат во џунгла, а не да се превезуваат од едно шоу до друго“, порачаа тие.
Ова не е прв ваков инцидент во Шпанија. На 20 март, локалните жители во градот Екстремадура беа изненадени од нилски коњ кој слободно шеташе низ градот. Животното тешко еден тон, претходно избегало од локалниот циркус.
Фотографии од дивината: застрашувачки прекрасно
Овој орангутан сака да се искачи високо - и успеа! Токму оваа фотографија на Тим Ламан му ја донесе титулата „Wildlife Photographer of the Year". Но, и конкуренцијата не е за потценување.
Орангутан во височински занес
Тим Ламан со оваа фотографија ги остави зад себе останатите 50.000 конкуренти за наградата „Wildlife Photographer of the Year“. Таа прикажува Борнео-орангутан, чиј вид е многу загрозен, во индонезиската дождовна прашума. За да ја направи фотографијата, Ламан неколку дена се мачел да инсталира камера на дрвото. Ова е една од шесте фотографии со кои тој ја раскажува тажната приказна за хоминидите.
Чавка на месечева светлина
Британецот Гидеон Најт има само 16 години и со оваа фотографија ја освои наградата за најдобар млад фотограф. Мотивот не е којзнае колку невообичаен, но светлината и целата сцена на фотографијата ѝ даваат исклучителна убавина.
Тажна сцена
Ваква слика не очекувал веројатно ниту фотографот Пол Хилтон. Станува збор за најголемата заплена на панголини досега. Животните кои се хранат со инсекти биле наменети за Кина и Виетнам. Нивното месо важи за деликатес, а кожата и крлушките се користат во традиционалната медицина. Сите осум вида животни со крлушки од фамилијата Манидае се на листата на загрозени видови.
Тешко мирување
Овој лешник расне во домот на фотографот Валтер Биното, во северна Италија. Лешникот на исто растение има и машки и женски соцветија. „Најтешко беше фотографирањето на женските (црвените) соцветија, додека ресите се движат“, објаснува Биното. „Затоа ми беа потребни цветови на кусо гранче, кое е најстабилно што е можно.“
Градскиот живот на дивата мачка
Низ тесните улички на едно предградие на Мумбај, во близина на националниот парк Санџај Ганди, ноќе шетаат леопарди. Тие се во потрага по храна. И покрај повремените средби и напади, дивите мачки се дел од општеството и културата кој е прифатен. Најан Канолкар со оваа фотографија сака да покаже што може да значи толеранцијата. Тој ја доби наградата во категоријата „Урбан“.
Реквием за еден ут
Матс Андерсон од Шведска ја освои наградата во категоријата „Црно-бела фотографија“. Секоја година, напролет, Андерсон шетал низ шумите и притоа уживал во друштвото на два ута - сѐ додека не го нашол едниот од нив мртов. „Утот ја отсликува мојата тага по неговиот другар“, вели тој.
Рибја оргија
Неколку дена во месецот - на полна и млада месечина - илјадници риби од видот Lutjanus се собираат на мрестење. Оваа мешаница е добредојдена за грабливците. Тони Ву за оваа фотографија, направена во Тихиот Океан, ја освои наградата во категоријата „Под вода“.
Игриво
Овој млад морски лав во Калифорнискиот Залив си игра со морска ѕвезда. Луис Хавиер Сановал поради леснотијата во својата фотографија ја освои наградата во категоријата „Импресии“. Фотографиите од денеска (21.10) се изложени во Природонаучниот музеј во Лондон, по што изложбата оди на турнеја во 60 градови ширум светот.