1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шпанска верзија на: „Немаме за леб, а трошиме за колачи“

Б. Георгиевски5 мај 2016

Изградба на музеи, стадиони, субвенциониран одмор за локалните жители. Ви звучи познато? Градоначалничката на шпанската општина Ла Муела соочена со 35 години затвор, откако потроши 100 милиони евра на сомнителни проекти.

Фотографија: NDR

Моќникот се буди едно утро од спиење и одлучува дека сака да гради музеј. По музејот издава наредба да се гради стадион, по стадионот- концертна хала.

Низ улиците на градот, речиси расфрлени, се уште можат да се видат бронзени статуи на коњи, лавови и бикови. Сите набавени од фирма блиска на семејството на моќникот.

Шпанска верзија на: „немаме за леб, а трошиме за колачи“

03:49

This browser does not support the video element.

Потрошени се стотици милиони евра на проекти како Музеј на ветрот, на пример. И тој, како и Музејот на маслото, па и Музејот на животот денес веќе не работат. Зјаат празни, како и стадионот со капацитет за 25 илјади гледачи во малата општина со едвај 5 илјади жители. Нема средства за одржување ниту на новиот базен.

Локалните градежници, архитекти, политичари со години молчеле и профитирале. Жителите сето тоа го набљудувале, но ни тие немале замерки. И тие добивале од „медот“ преку субвенционирани патувања низ светот. Доминиканска Република, Бразил, Аргентина или Мексико- локалната власт великодушно плаќала субвенции за летувања и прошетки на егзотични дестинации.

Моќникот, кој личното конто си го збогатил за 18 милиони евра, во меѓувреме е обвинет за подмитување, перење пари, илегални договори... Го очекуваат 35 години затвор во Шпанија. Обвинети се и десетици негови соработници и локални бизнисмени.

Малата општина Ла Муела, во северна Шпанија во близина на Сарагоса денес е град на духови.

Легендата вели дека кога полицијата влегла во домот на градоначалничката Марија Пинија, морала да побара машина за броење пари од локалната банка за да ја преброи пронајдената готовина. Севкупно 485 илјади долари. Ситнина во однос на проценките дека Пинија и нејзиното семејство успеале да присвојат над 18 милиони евра во текот на долгодишното владеење. Од неа и од бројните соработници во општината во меѓувреме одземени се и 127 имоти. Најмалку 80 парцели му припаѓале на поранешниот сопруг на градоначалничката. Нејзиниот братучед поседувал уште 25.

„Секогаш работев согласно законот. Можеби се сторени грешки, но и ние сме луѓе. Тоа се грешки, но не и криминал“, изјави Пинија пред судот во Сарагоса на 31 март годинава.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми