1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шпекулации и теории за падот на рускиот авион

Кристина-Мариа Кифнер/Ж.А.5 ноември 2015

Причината за падот на рускиот Ербас во Египет и натаму не е јасна. Британската влада се сомнева во бомбашки напад. Во меѓувреме, се‘ поверојатно е дека причина за несреќата на авионот е бомба поставена во него.

Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Maltsev

Снимките на трупот од рускиот авион, направени со мобилен телефон кратко пред падот, ги објави руска ТВ станица. Причините и натаму се нејасни, но британската влада се сомнева во бомбашки напад. Сега сите летови меѓу Велика Британија и Шарм ел Шеик, од каде во саботатат полета рускиот авион, се стопирани. Британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд изјави:

„Уште еднаш ги сумиравме сите информации кои ги имаме, вклучувајќи ги и тие од тајните служби. Дојдовме до заклучок дека постои голема веројатност рускиот авион да паднал поради експлозија на бомба во него. Затоа решивме да ги откажеме сите летови кон Шарм ел Шеик и ги советуваме сите да не летаат таму.“

Американската телевизија СиЕнЕн ги цитира американските тајни служби според кои е можно Исламска држава да поставила бомба во авионот, што предизвикало негов пад. Портпаролот на Министерството за надворешни работи Џон Кирби меѓутоа тврди-прерано е за конечен заклучок.

„Во врска со причината за падот, не можам да додадам ништо ново. Да потенцирам, ако сакаме да бидеме целосно одговорни, мораме да и‘ дозвилиме на истрагата да ја врши својата работа. Наместо да носиме избрзани заклучоци и да се впуштаме во гласини и шпекулации.“

Погледнете го целото видео:

Бомба - причина за пад на авионот?

02:25

This browser does not support the video element.

Москва најави продолжување на проверката на трупот на авионот на неодредено време, но потрагата по натамошни остатоци од телата на загинатите денеска завршува.

Од истражната комисија стигнуваат противречни информации во врска со тоа дали е можно вреднување на информациите од аудио-рекордерот.

Наместо вообичаените свечености по повод националниот празник, во Санкт Петербург владее жалост.

„Сите овие трагични настани не‘ погодуваат в срце и предивикаа болка кај сите граѓани. Не само во Санкт Петербург, туку во цела земја,“ вели еден граѓанин.

Додека роднините и пријателите на жртвите се препуштени на нивната болка, Санкт Петербург и цела Русија чекаат на одговори.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми