1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Шпигел“ за Косово: Хаос во американскиот протекторат

ЖА /ДВ
28 април 2020

„Доналд Трамп го заострува курсот на бившите американски претседатели. Тој го третира Косово како протекторат и го цементира барањето на Вашингтон за влијание во задниот двор на ЕУ“, пишува германски „Шпигел“.

Hashim Thaci und US- Botschafter Richard Grenell
Фотографија: DW/B. Cani

„За новата косовска влада се одлучува во Берлин: на Парискиот плоштад, каде и натаму официјално се наоѓа едно од работните места на амбасадорот на САД, Ричард Гренел. Кавгаџискиот дипломат истовремено е и вршител на должноста директор на американските разузнавачки служби, како и специјален пратеник за мировните преговори меѓу Србија и Косово“, пишува „Шпигел“ во текстот под наслов „Хаос во американскиот протекторат“.

„Гренел би требало да организира триумф за американскиот претседател на дипломатската сцена: трајно решение во најсиромашната земја на стратешки важниот Западен Балкан. Очигледно, САД сакаат да постигнат мировен договор меѓу Србија и нејзината бивша покраина преку размена на територии, вклучувајќи промена на границите, на што се противи мнозинството земји од ЕУ. Тие сметаат дека промените на границите на Балкан се крајно опасни.“

Враќање на Рамуш Харадинај

Германскиот магазин пишува: „Трамп сега го заострува курсот на бившите американски претседатели. Тој го третира Косово како протекторат и го цементира барањето на Вашингтон за влијание во задниот двор на Европската унија. Тоа го покажуваат и случувањата со смената на косовскиот премиер Албин Куртина 25 март. Кога неговата партија на изборите есеноска освои најголем број гласови, беше јасно: многу граѓани очигледно сакаа да раскрстат со стариот систем на Косово. Неговата влада беше прва во Приштина во која главен збор немаа воените ветерани. Куртиисто така важи за борец против корупција".

Албин Курти ги обвини САД за инволвираност во растурањето на неговата владина коалицијаФотографија: Getty Images/AFP/A. Nimani

„Курти се изјасни против промена на границите. Неговата влада преживеа само седум недели. Вршителот на должноста премиер ги обвинува САД за вмешаност во растурањето на неговата коалиција.Додека германската канцеларка Ангела Меркел изрази солидарност со Курти, Гренелочигледно одамна ги подготвувал претседателите на Србија и на Косово за промена на курсот во Приштина. Американскиот амбасадор во Косово отворено и јавно славеше поради неуспехот на Курти. Во Косово во иднина повторно би можела да дојде на власт партијата на Рамуш Харадинај, бившиот герилски командант кој со децении ја ужива наклоноста на Вашингтон“, се заклучува во текстот на новинарот Валтер Мајр за .„Шпигел“.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми