Штајнмаер на Блиски исток
6 мај 2007Реклама
Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер ги повика Израелците и Палестинците, сега да ги искористат шансите за мир во регионот. По средбата со претседателот на Палестинците Махмуд Абас и неговиот ресорен колега Сиад Абу Амр Штајнмаер во Рамала рече дека станува збор за тоа да се изнајде решение за две држави. Истовремено тој им вети на Палестинците натамошна политичка и финансиска поддршка од ЕУ. Денеска Штајнамер е во северен Израел, каде ќе се информира за проблемите околу Голанската висорамнина, која Израел ја окупира во 1967 година. Голанската висорамнина е централна спорна точка во односите меѓу Израел и Сирија, покрај другото и поради нејзиното значење во снабдувањето со вода за пиење.